Зошто позитивното мислење, често не помага во решавање на емоционалните проблеми?

Често имате прилика да слушнете разни совети од типот: мислете позитивно и така ќе се чувствувате. Со други зборови, ако мислите позитивно, добро ќе се чувствувате, што имплицира дека не мора ништо да правите, ништо да промените кај себе, да не вложувате никакви напори и да си создавате себе непотребна фрустрација, додека се соочувате и се обидувате да решите некој ваш емоционален проблем кој ве мачи.

Ваквите идеи се многу популарни низ цел свет, но во исто време тие за жал не даваат посакувани ефекти. Но, од каде толкава популарност и огромна заинтересираност на луѓето во цел свет, за оваа врста на ‘самопомош’?

Причина за таква популарност лежи во еден од основните аспекти на човечката природа, а тоа е желбата на човекот да биде задоволен. Сите ние тежнееме што почесто да се чувствуваме пријатно, да си обезбедиме себе си што повеќе задоволства и во исто време да избегнеме што повеќе болка, незадоволство и страдање.

Поради такво настојување, некогаш сме склони да ја негираме реалноста, да избегнеме да се соочиме со непријатните аспекти на нашиот секојдневен живот, да го одлагаме решавањето на проблемот, за да се поштедиме од болка и фрустрација, со која понекогаш не знаеме што правиме.

Еден од начините тоа да се постигне е позитивното размислување. Мислите позитивно, побарајте од универзумот што сакате и тоа ќе добиете, без и малку труд, напор и фрустрации. Многу луѓе знаат, дека тоа е во потполност ирационална идеја и дека работите во животот не функционираат на тој начин но, слепо се држат до такви идеи. Зошто?

Едноставно што понекогаш мислат, дека е така полесно (помалку болно). Понекогаш е полесно да се затворат очите, да се игнорира реалноста, да се обвинуваат другите и слично. А многу потешко да се признае себе си, дека понекогаш животот не се одвива онака како сме зацртале и онака како ние тоа го сакаме. Затворањето на очите пред реалноста ни носи привремено олеснување ( задоволство, поради моментално одлагање на болката) но, долгорочно гледано од тоа немаме никаква корист, бидејќи нашите проблеми остануваат нерешени, а како времето поминува, нашиот страв да се соочиме со себе и сопствените проблеми расте и не’ нагризува одвнатре.

Зошто позитивното мислење често не функционира?

Од неколку причини. Прво, често нашето позитивно мислење не е во врска со реалноста, значи не е реално, животот не’ демантира и ние бргу сфаќаме дека работите нема да се променат само затоа што ние така посакуваме. Друго, често не веруваме во тоа што мислиме, иако тоа е позитивно. Идеите во кои не веруваме, позади кои не стоиме со своето битие, идеите кои не ги чувствуваме, не можат да не’ донесат до промена. Дури и спротивно, некогаш се трудиме да мислиме позитивно, а во исто време (некаде во позадина) цврсто веруваме токму во спротивното, мислиме негативно и песимистично, имаме лоши предвидувања, си обезвредуваме себе си и слично.

Нашите мисли можат да влијаат единствено на нашите чувства и однесувања, но не и на случувањата во надворешниот свет, нашите мисли имаат голема моќ да влијаат на нас самите, но, сепак не на некој магичен начин. Ако себе си се тераме во позитивен филм, постои опасност бргу да се разочараме, да кризираме со самодовербата, кога работите не се одвиваат онака како што ние посакуваме. Значи, тоа често не се користи.

Што е алтернатива за позитивното размислување?

Рационално размислување. Позитивното мислење ќе ни донесе долгорочно корист, само ако покрај тоа што е позитивно воедно е рационално (односно реалистично, логично ). Рационалноста е еден дел на човечката природа, поголемиот дел од нас, во својот живот размислува и се однесува рационално, но не секогаш, бидејќи луѓето поради други аспекти на човечката природа се чувствуваат и однесуваат ирационално.

Да се мисли рационално значи да се биде реалистичен, да не се затвораат очите пред фактите, лоши работи кои се случуваат пред нашите очи, да се прифати и да се соочиш со животните проблеми, колку и да се болни. Да се мисли рационално, значи да се мисли на начин кој ни е корисен, кој ни помага да ги оствариме своите цели, да ги исполниме своите желби и чувствуваме што е можно подобро. Да се мисли рационално, значи да се мисли логично.

др. Владимир Мишиќ, психотерапевт

www.vaspsiholog.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: