Најголемо ослободување е кога ќе сфатиш, дека ништо повеќе не мораш

Најголемо ослободување е кога ќе сфатиш, дека ништо повеќе не мораш. Не мораш да се докажуваш, да потврдуваш дека вредиш, да ги убедуваш другите дека си во право, да се плашиш кој, што ќе каже, да ти е гајле, што, кој ќе мисли.

Сега веќе знаеш што ти годи, па тоа прави го почесто. Сега веќе знаеш колку можеш, па не се форсирај преку тие граници. Бидејќи, ниту можеш, ниту мораш, ниту некој ќе ти рече ‘благодарам’. И тоа благодарам не треба да ти каже никој освен ти себе си.

Кога навечер легнуваш во кревет, затвори ги очите и заблагодари се најпрво себе си, бидејќи тој ден доволно се сакаше, се чуваше и се грижеше за себе, почитувајќи ги границите на своите можности.

И не легнуваш преуморена, незадоволна и измрцварена со безбројни обврски, кои повеќето сама себе си, си ги наметна. Во животот нема повеќе трчање.

Фино, пополека, умерено…што подолго да траеме и себе си и на другите.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: