Храброст е да се оди понатаму со исправена глава

текст на Тара Мох, револуционерен експерт на подрачјето на лидерството.

Сонот за нешто големо е во сите нас. Но, многу жени играат на сигурно. Можеби не сакаат да завршат во канцеларија на врвот на некоја зграда или во топ менаџмент на водечките компании, сепак секоја се надева на нешто големо. Тоа е како внатрешен глас, повик за исполнување на целта.

Но, за тоа е потребен голем исчекор. Како да се направи? Тој ‘голем исчекор’ е всушност насочување на сите внатрешни и надворешни капацитети, за да можеме да живееме свој живот и да ја унапредиме кариерата која е во согласност со нашите соништа, занимање или она што ни е важно.

Мојата дефиниција гласи: голем исчекор значи, да се биде лојален на своите соништа, а не на своите стравови. За секоја жена тој голем исчекор е поинаков. Во текот на својата кариера открив неколку чекори кои е потребно да се совладаат за да играме ‘на големо’. -Најголем и најважен, жените да го запознаат својот ‘внатрешен критичар’ и да ги усвојат начините како да се контролира.

– Другиот чекор е да научат да се одвојат од пофалби и критики, да го променат својот однос кон информациите за својата работа кои ги добиваат од околината, бидејќи ако се врзани за нив, ќе бидат во емотивен вртлог.

– Уште еден голем чекор е да се воспостави контакт со она што се нарекува ‘внатрешен ментор’- со својата многу постара, автентична личност, некоја врста на ‘ѕвезда водилка’.

Што е најважниот фактор коj ни овозможува да направиме голема промена во својот живот?

Тешко да се одбере само еден, но мојот фаворит секако би бил запознавање со својот внатрешен критичар, за да стекнеме алати кои ќе ни помогнат да излеземе на крај со него, кога ќе почне да ‘брбори’ во нашата глава.

Препорачувам секоја жена да помине низ 101 тренинг против внатрешниот критичар, ако посакува нејзиниот сомнеж во самата себе, да не биде толку јака сила, која негативно ќе влијае на нејзиниот живот и кариера. При тоа е важно да се знае, дека запознавањето со внатрешниот критичар не е исто што и совладување на сомнежите во себе или едноставно јакнење на самодовербата.

Тоа е невозможно во секојдневниот живот, во кој сме изложени на различни ризици. Сигурно ќе чувствуваме сомнеж во себе, но мораме да научиме да го смениме својот однос кон него. Можеме да почнеме да го приметуваме својот внатрешен критичар каде и да се појави, да се именува и потоа повторно да се израмниме според своите соништа кои сакаме да ги оствариме, според вредностите кои ги живееме.

Како да го совладаме стравот кога сакаме да направиме голем исчекор?

Еднакво како и сомнежот. Ние стравот всушност не сакаме да го елиминираме. Избегнувам дури и да го користам зборот ‘да се победи’ во таква конструкција, бидејќи станува збор за свесност, сочувство и изборот кој го правиме.

Кога ja сакаме рабoтaта и тежиме кон тоа да бидеме она што сакаме, ќе најдеме во нас сила да го победиме и стравот. Бидејќи во спротивно, тој може најдобро да не’ блокира.

Често слушам како за некој основната препрека е времето, но, знаете и сами, тоа е само добар изговор и ретко е клучен проблем. Имаме ‘талент’ да го избегнуваме она што го сакаме бидејќи се плашиме дека не сме доволно добри или затоа што тоа внесува многу акција во нашиот живот, па стануваме посвесни за ‘тешките’ чувства, а не само оние позитивните.

Затоа е добро да се прашаме: ‘За што ми служи отпорот, ако го избегнувам она што го сакам?

извор: Sensa

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: