Можеш лесно да ги излажеш очите, но срцето..тешко

Опра Винфри има на што да биде горда и сосема заслужено е идол на многу луѓе на планетата. Таа е телевизиска водителка со сопствено ТВ шоу, филантроп, актерка, продуцентка, а воедно и една од највлијателните жени во светот. Ова е еден нејзин многу инспиративен текст:

Сакам да го набљудувам сонцето кога заоѓа, кога небото добива друга боја. Природата се менува со многу поголема леснотија од луѓето. Го знам тоа, бидејќи од човек кој емоционално се прејадува, се обидувам да се претворам во личност која се соочува со своите чувства, ги решава и не се обидува да ги потисне, со пуштање рака кон фрижидерот.

Многу е едноставно да ставиме маска на лицето и да се преправаме дека сме некој друг. Вистинското соочување со себе- ископување на длабоко вкоренети проблеми- еднакво е на напорот, кога со обична лопата да се обидуваме да ископаме тунел низ планина. Постојано налетуваме на камен. Сепак, сфатив дека камењата неприметно се претвораат во рид, а потоа во планина.

Наша задача е секојдневно чистење на насобраните емоции. Како на работа, така и во љубовните, семејните, пријателските односи, најмногу во нас самите. Мораме да се грижиме за својата благосостојба и здравје.

Игнорирањето на проблемот е секако, едноставно, но ако направиме макар и мал чекор во соочување со тој проблем, тој чекор на крајот ќе се претвори во огромен скок, на патот кон само откривање. Да се досегне својот потенцијал како човечко суштество и повеќе е од идеал. Тоа е крајната цел.

Она за што сме способни, нема никаква врска со општествените уверувања или со пописот на посакувани и непосакувани особини. Зборувам за вистински идеал- чија душа сте допреле? Кого сте сакале и кој ве сакал вас?

Тоа е она што е важно. За мене единствената цел кон која треба да тежнееме е промената на свеста, да разбереме дека не сме ниту подобри, ниту полоши од било кое друго суштество. Туку едноставно СМЕ.

Опра Винфри

Извор: Oprah.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading