Денес те има, утре те нема- живот!

Ех животе, животе!

Додека правиме планови без врска и  сѐ онаа вистински важно го фрламе под нозе како да е едно големо ништо, живееме заблуда. Мислиме дека ги држиме конците на животот, дека сѐ е под наша  контрола и ете уште една заблуда повеќе.

Колку е само неизвесен животот, една милисекунда и може сѐ да промени! Не знаеме утрото што носи и дали ќе се разбудиме живи и здрави. Божји благослов е секој ден кој го дочекаме. Секој ден е нова шанса, и така одново и одново. 

Нова шанса да се покаеме. Нова шанса да простиме и да побараме искрено да ни простат. Нова шанса да поправиме онаа што може да се поправи. Нова шанса да научиме од грешките, а не и понатаму успешно да грешиме! Нова шанса за крај, на сѐ што го носи името крај, но и нов почеток, сосема нов. Нова шанса да бидеме подобри луѓе, знаете за кои зборувам , за оние кои звучат како да се изумрен вид.

Но, уште постојат и ќе  постојат за да влеаат надеж дека еден ден ќе биде ден и за оние, на кои во душата секогаш им е ноќ! Додека да тропнеме се прстите, животот веќе ни наплатил , сѐ поминало! 

Но каква утеха е тоа, кога од нас останал само кусур од животот? Затоа почнете сега! Гушнете ги силно, најсилно оние што ги сакате! Кажете им дека ги сакате, послушајте го срцето! Еден телефонски повик, и можете мирно да заспиете, откако сте го слушнале гласот, за кој се будите! 

Ценете го здравјето и мирот, нив не можете да ги купите, тие немаат цена, а имаат непроценлива вредност! Една древна санскритска поговорка вели : ‘Кога сте се родиле вие сте плачеле додека останатиот свет се радувал, затоа живејте така што, кога ќе умрете светот ќе плаче, а вие ќе се радувате!’

 Од сѐ што сте стекнале, направиле или не, овој ден е вашето достигнување и богатство и од животот овој ден, овој момент е најсигурно нешто што го имате! 

Калимеро

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: