И скршеното срце знае да сака, ако му дадеш шанса

…Утрото го носи мирот, коj ноќта го краде. Долгата бессона ноќ исполнета со бури од емоции кои беснеат во твоето тело. Љубов, тага, болка…

Нескротлива бура која ти ја растргнува душата и ти го распорува срцето. Даваш се’ од себе за тој некој да биде среќен, а тоа се’- малку е. Низ призмата на една солза гледаш повеке, подалеку…Солзите треба да потечат за да престанат да болат.

Заплачи…измиј ја душата…нека боли. Прифати ја својата бура. Не е секоја бура тука за да те уништи…некоја е за да те зајакне, некоја за да те промени и секоја, за да го исчисти воздухот. Нека боли, барем знаеш дека си жива. И скршеното срце знае да сака, ако му дадеш шанса.

Вљуби се кога ќе бидеш подготвена, а не кога си осамена. Секоја ноќ завршува со утро. Секоја…

By Rosana

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: