Почни да живееш живот, кој не е веќе копија на она што било некогаш, туку твоја нова приказна

Ќе знаеш дека се’ е на свое место во твојот живот, кога ќе престанеш да се занимаваш со неважни работи и луѓе и ќе сфатиш, дека ни малку не треба да те допира што другите мислат, зборуваат и прават. Тоа е нивна работа.

Ќе бидеш Ок, кога ќе престанеш да ги криеш солзите, бидејќи се’ е тоа процес, на запознавање на светот и себе и тоа поинаку не може да биде. Не се жалиш повеќе дека немаш време, туку сфаќаш дека време наоѓаш за работи кои нешто ти значат, а го одземаш од оние, што ништо не ти значат и повеќе никој не може да те присили да работиш нешто што не сакаш.

Ќе се ‘средиш’, кога ги чувствуваш стравовите и сомнежите, но повеќе не се губиш во нив, бидејќи сфаќаш дека се природен дел од животот, на кој не треба да се придава многу внимание и енергија.

Кога повеќе немаш потреба на било кој да му се докажуваш, бидејќи ако се грижат вистински, ќе прашаат и ќе се обидат да те разберат. Само така ќе почнеш да живееш живот, кој не е веќе копија на она што било некогаш, туку твоја нова приказна, која не сакаш да му ја препушташ на случајот и околностите.

Ќе знаеш дека се’ доаѓа на свое место, кога ќе почнеш да излегуваш од битки, во кои порано жестоко си влегувал, бидејќи сфаќаш дека мирот е многу повреден, отколку да си победник.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: