Секој ден бираме помеѓу љубов и страв

Живееме ли денес во привид? Илузија или привид, секако е нашето разбирање на себе си и светот кој не’ опкружува. Историјата сведочи дека не така одамна, пред многу стотина години, било очигледно дека Земјата е рамна плоча и дека Сонцето се врти околу неа. Сите во тоа веруваа без докази, а поединци кои се сомневаа во тоа, беа осудувани без милост.

Во времето на Ајнштајн, се сметало дека единствена галаксија е Млечниот пат- толку за нашето сознание за Свемирот, кое било ограничено. Всушност, можеме да заклучиме, колку малку време не’ дели од толку големи заблуди и незнаење.

Во кои заблуди денес живееме? Во кои наметнати лаги веруваме?

Од Ајнштајн па наваму, конечно е признато дека енергијата и материјата се иста работа- Е= mc2. Материјата е само нешто малку позгусната енергија. Во физиката е тоа неоспорен факт, а целото човештво како да го игнорира. Биолозите, па и лекарите, добри се во хемија, но, физиката им оди прилично лошо. Нудат многу добри хемиски решенија за нашите болести, а енергетските ги препознаваат само ретките.

Но, тоа енергетско ниво кај човекот, не е склопка, таа содржи свест, дух и душа. И сите поправки би требало и да тргнат од таму. За полесно сфаќање на фактот дека материјата е енергија, може најдобро да се земе примерот на атомот.

Повеќето од нас, го прифаќа фактот дека сме составени од атоми. Атомот 99, 99% е празан простор во кој некои мали честички се движат со незамислива брзина. Ако замислиме дека атомот е со големина на тениско игралиште, тогаш неговото јадро е со големина на тениско топче, а електроните кружат околу јадрото отприлика на одалеченост од публиката. Електроните кружат од 1000 км/с, а во внатрешноста на јадрото, уште помали честички кружат со брзина на 60.000 км/ с.

Колкава енергија е потребна, за да се постигне таа брзина во само еден атом? Токму со толкава енергија ние располагаме! Затоа, ако се замислиме себе си како енергија, која постојано е во движење, тогаш можеме да го менуваме и смерот на таа енергија- можеме да се менуваме. Ако го освестиме фактот, дека можеме да управуваме со својата енергија, многу бргу нашиот свет, може да биде подобро место за живот. Движење кон позитивната енергија. Како?

Енергетски да се описмениме и сензибилизираме. И тогаш ќе почнеме да ја сфаќаме и да ја чувствуваме својата енергетската димензија и како таа влијае на нас и на другите.

Изборот е на вас…секој ден бираме помеѓу љубов и страв. Затоа најдлабоката вистина она што религијата тврди- Единствен Божји закон е љубовта, Бог сигурно го сака секој од нас,но дали ние го сакаме Него?

Да се наштимаме на фрекфенцијата на љубовта.

извор: econet.ru

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: