Познаваш само едни очи, во кои се одразува твојата среќа

Ова е првенствено женска тема: ќе се убедиш себе си дека ти одговара несоодветен маж, а потоа ќе се обидеш да го споиш неоспоивото. Зошто ти е таков маж? Не е тој за тебе. И тоа е во ред, може да се случи да се излажеш.

Со тебе е се’ Ок. Не е во ред, само таму каде што не ти е местото. Ако нешто малку недостасува во почеток, цел живот може да недостасува. А ти, сакаш ли да недостасува? Ако е така, во ред е твојот избор, тоа е исто така можно, зошто да не. Тогаш не се обидувај да правиш нешто за да биде потполно. Само прифати и живеј со ‘Недостасува’. Сама одбра.

Ние жените сме шампиони, кога се залажуваме себе си. Прво ќе измислиме маж, па ги пренесуваме сите топли чувства и слики, за тоа каков треба вљубениот да биде и потоа ќе се изненадиме, кога тој воопшто не е таков.

Вистината е дека тој никогаш не бил таков и тоа ни беше јасно уште од самиот почеток. Всушност сме донеле одлука да се залажуваме себе и да поверуваме, дека со време ќе се смени, само треба да му дадеме шанса и се ќе биде во ред. А потоа даваме друга, трета…. и генерално даваме шанси, се додека не се промени, верувајќи дека тој ќе стане поинаков, дека му треба малку време.

Постојат работи за кои не прифаќаме компромис, но на крајот можеме и да го смениме ставот. И постојат работи, за кои никогаш не може, без оглед колку сакаме, да направиме компромис. Теоретски е можно, но за нас, тоа е работа на принцип ( чест, совест или вредност) што значи дека не е возможно.

Можете да се излажете себе си, но животот не може да се излаже. Исто е со чувствата. Ако ги нема на почеток, од каде ќе дојдат подоцна? На почеток ќе ви изгледаат дека стануваат посилни, но тие се само вештачки изнудени и насочени кон ‘ликот’, а не кон вистинскиот човек.

Можеби некаде и постои маж, кој се вклопува во таа слика, но дефинитивно ова не е тој маж. Жената секогаш знае и чувствува, дали е тој вистинскиот маж или не, а може да се убеди и да се излаже себе, да поверува во тоа што го замислила.

Однос, тоа е свет за двајца, место за опоравување, време кога се исклучуваш од проблемите, чувство кое те поврзува со се’ најдобро што постои. Ако не е така, уште повеќе, ако не е од самиот почеток, зошто ти е таков однос?
Да, се случува, дека нешто може да се спаси- кога луѓето изеле ‘многу сол’ заедно, а љубовта е жива и поминале прекрасни моменти, во спротивно, нема што да се спаси.

Ако односот од самиот почеток, е додатен извор на проблеми, немир и фрустрации, побегнете од него, пожелно е на друга страна на светот, за да не може да се вратите.
Среќната жена во животот не се прашува ‘што да правам’, ако е среќна, се населува во неа блажена насмевка, се насмевнува со нежност и го носи мажот во свој свет.

И познаваш само едни очи во кои се одразува твојата среќа.
Покрај таква среќа срцето се смирува..


Извор:http://www.cluber.ua/lifestyle/lichnaya-zhizn/2018/06/esli-chto-tos-natyazhkoy-to-ono-ne-tvoyo

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: