Колку пати сме плачеле, без да знаеме дека животот ни прави услуга

Постојат денови кога работите ги мериме со некоја лична логика и денови кога работите ги врзуваме за срцето. Постојат денови кога препреките пред себе ги гледаме како некои несовладливи предизвици и денови кога поради нашата одлучност, тие препреки пред нас градат некои величенствени скалила, кои не’ водат на некои прекрасни места, каде отсекогаш сакавме да бидеме.

Има денови во нашите животи, кога работите треба да се препуштат на околностите, бидејќи животот ќе се намести како лего коцки во совршена целина, а има и денови кога се’ се распаѓа и кога работите треба да се земат во свои раце и да се наместат, онака како што најдобро знаеме и можеме.

Има денови од кои извлекуваме мали и убави моменти за да уживаме во нив, а има и такви денови кога нема убави моменти, бидејќи се’ околу нас е опкружено со некоја мрачна слика на тага и негативни чувства.

Постојат денови во нашиот живот кога имаме толку јака потреба за некои егзотични патувања, кога имаме желба да одиме некаде во непознато, да откриеме некои неистражени пространства и да запознаеме нови луѓе, а постојат денови кога посакуваме да се затвориме во својот дом, со шолја кафе, да се покриеме со ќебе и со книга во раце, да патуваме заедно со неа во имагинарен свет, сосем поинаков од овој што го живееме.

Каков и да е денешниот ден, добар или лош, тој е еден бисер, од убавата огрлица на нашиот живот и никогаш не знаеме што ни носи утрешниот ден. Но, без оглед дали ги поминуваме оние најубавите или најтешки моменти и чувства, мора да знаеме дека тие се на поминување и дека новиот ден носи нешто ново и неочекувано.

Затоа секогаш треба да бидеме благодарни за секој ден од својот живот, бидејќи нема да се повтори. Секој од нив е единствена прилика, која нема никогаш да се врати.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: