Не, принц на бел коњ, само љубовта е вредна за чекање!

Ќе ти се јави, да те праша како си и навистина ќе сака да знае, сѐ за тебе ќе биде сѐ за него. Ќе те голта со поглед  додека зборуваш, со тебе ќе сака  секоја минута да е вечност. Ќе посакува денот да има повеќе од 24 часа за да нѐ пропушти ни малку, да биде со тебе и за тебе.

Ќе ги заплетка рацете во твојата коса и ќе те милува, а ти ќе заспиваш ко бебе. Како магнет, ќе се залепи до тебе и едноставно кажано ќе те сака. Ќе биде твојот панцир на градите, ќе те чува од сѐ и секого што може да ти ја тргне насмевката од лицето. 

Секој пат кога ќе ја види таа насмевка, една година повеќе ќе живее и така секој пат одново, ама ќе живее за  твојата љубов, за тебе. Ќе се смее кога ќе се жалиш дека немаш ништо да облечеш, а стоиш пред полн ормар со облека, ама женска работа, сѐ знае дека немаш ништо ново во превод!

Ќе те сака тогаш уште повеќе! Ќе заплаче кога ќе те види како плачеш на некој филм. Ќе седи “мирен” кога ќе те фатат ‘жолтите’ минути наречени ПМС! А ти ќе се прашуваш со што го заслужив, ќе си речеш :’Боже колку го сакам оваа човече, не е хумано’ !

Кога ќе те здогледа како ги средуваш веѓите, ќе го стутка лицето и ќе се претвори во мало маче, а ти ќе го зафркаваш и заедно ќе се смеете и смеете сѐ до момент кога ќе те бакне нежно, а толку силно!

Нема да ти ги симне ѕвездите туку ќе те одведе до нив!  Ќе можете да издржите без воздух, но не и без вас! Ти за него и тој за тебе, така ќе дишете! Ќе станете еден за друг, сите желби и тоа остварени! 

Кога ќе го прашаат кого сака повеќе, тебе или животот, нема да се чудиш што ќе го избере својот живот!  Ќе ти се насмее срцето гласно, зошто знаеш дека ти си неговиот живот!

Калимеро

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: