Пуштете ги луѓето, кои од се’ прават проблем- тоа е нивен проблем

Бидете храбри и мудри да се одалечите од она што ве повредува. Пуштете ги луѓето, кои од се’ прават проблем- тоа е нивен проблем. Имајте ваш поглед на светот, кој не е оптеретен со прогнози на самонаречени стручњаци и песимисти кои го изгубиле својот компас.

Најдобрата терапија за многу животни проблеми, е да се повлечете од луѓето кои ги создаваат. Без оглед дали е крупна работа или ситница, на таквите луѓе им е сеедно, тие во се’ гледаат голем проблем. И тие своите доживувања и својата турбо фантазија, сакаат да ви ги наметнат.

Што и да кажете или да направите нема да ве слушнат или забележат, бидејќи нивниот фокус е само да зборуваат за она што сметаат дека е проблем и за ништо друго.

Најдобрата терапија за многу животни проблеми е да се тргнете од луѓе кои, каде и да се доближат, се’ претвораат во проблем. Го знаете она, зошто да биде едноставно, кога може комплицирано? Зошто по краткиот пат, кога може по долгиот? И како потсвесно на некое ниво, уживаат во она што не е нормално и како тоа да им станува секојдневна храна за душа, со која го трујат својот негативен ум.

Не ви требаат такви луѓе, не ви требаат драми во животот, повеќе отколку што ги имате сега. После секоја негативна мисла ви треба опоравок и зацелување, треба да се префрлите во светот на позитивноста и да го ‘залечите’ она што помина однопаку. Ако и понатаму останувате да го храните својот ум со тој отров, се’ е потешко ќе ви биде подоцна, да се вратите во оној исконски свет во кој е среќа и успех на секој поединец да биде во природна состојба.

Бидете храбри и мудри, повлечете се’ од она што ве повредува. Останете фокусирани на своите соништа и ќе пронајдете начини како да дојдете до нив, а нема да барате изговори зошто за вас е невозможна мисија.

Кога ќе научите да се тргнете од се’ што не е вредно, ќе видите дека на крајот ќе ви остане она што го заслужувате, сакате и ви е потребно.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: