Да се биде среќен или не, секој бира сам

Човекот ги формира своите навики и ако тие, го тераат да бара некои замки и да чека некои хипотетички проблеми, таков човек никогаш не може да биде среќен.
Во што е тогаш, тајната на среќата и кои се тие- среќни луѓе?
Среќните луѓе, како и сите, чувствуваат тага, лутина, нервоза, но не дозволуваат негативните навики да им сметаат во нивниот живот.

Ние сме така воспитани, секогаш да тежиме кон наметнатите вредности: положбата во општеството, богаство и моќ.
А кога ќе постигнеме нешто значајно во тој поглед, одеднаш наместо радост чувствуваме внатрешна празнина.
Тајната на среќата лежи во специфичноста на нашиот поглед на свет и ако развиеме во себе корисни навики, кои ќе го сменат нашиот поглед на свет, тогаш се’ околу нас ќе предизвика позитивни емоции кои ќе го направат нашиот живот среќен.

Eве неколку корисни навики на среќните луѓе:
1. Секогаш и во се’ гледаат позитивни моменти.
Среќните луѓе знаат како да гледаат ситуации од различни агли и во сите непријатности, можност за стекнување искуство.
2. Секогаш се благодарни и пријателски расположени кон другите луѓе и во тоа гледаат можност за свој развој.
3. Секогаш се насмеани и зрачат со позитивна енергија. Пред другите стануваат подобри, и чувствуваат радост, од тоа што можат да помогнат и да му го направат на луѓето животот среќен.
4. Свои се и прават она што им се допаѓа. Тие се прилагодуваат на туѓите стереотипи, тие ги знаат своите доблести и недостатоци. Нивната корисна навика е да уживаат во животот и да ја насочуваат својата сила на избраниот пат.
5. Живеат секогаш во сегашноста, се радуваат на секој ден и чувствуваат благодарност за она што било.
6. Знаат да бираат пријатели, опкружени се со слични луѓе кои во секој момент можат да разберат и подржат.
7. Не престануваат да учат. Во состојба се да се радуваат како деца, на новото, без оглед на годините на животот.


Што не работат среќните луѓе
1.Тие не се обидуваат да му се допаднат на сите, не дозволуваат негативните мисли на другите да влијаат на квалитетот на нивниот живот.
2. Не се жалат на животoт и не ги окривуваат другите.
3. Не се фокусираат на своите мисли, сфаќаат дека мислите секогаш ја одржуваат реалноста.
4. Не се жалат затоа што веќе се случило, сфаќаат дека тоа е бескорисно занимање.
5. Не се завидливи, бидејќи знаат дека пред нешто да се постигне, човекот ја вложил својата сила, време и пари..
6. Не се плашат да го менуваат својот живот, нив не ги задржува силата на навиките.
7. Не чекаат вистински момент, туки делуваат самостојно, работат работи кои го прават нивниот живот уште посреќен.


Извор:http://esoteric– land.ru

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: