Малку луѓе чувствуваат со срце

Како ќе го препознаете човек кој е полн со емпатија:
Тој гледа се’ во вашите очи. Не трошете време и енергија да смислите убедлива лага.
Интересен факт: луѓето кои се способни точно да ги одредат емоциите и чувствата на другите (и сочувствуваат со нив) се некој вид на детектори на лага.
Со помош на својата единствена способност, тие се во состојба точно да одредат дали ја зборувате вистината или не.

Емпатите се во состојба да ги почувствуваат емоциите околу себе, да ја одредат општата емоционална состојба на човекот со кој комуницираат во моментот и сочувствуваат со нив. Оваа способност им помага, да ја подигнат својата интерперсонална интелигенција на ново ниво.
Меѓутоа, таа развиена интелигенција често емпатите ги збунува. Луѓето околу нас, вклучувајќи ги оние најблиските и драгите, често ги кријат своите вистински чувства, емоции, намери и мотиви.
Емпатот е способен без грешка да ги идентификува. Тој гледа се’ што човек се обидува да сокрие позади маската на радоста (рамнодушност, итн). Се надева дека со него ќе бидат искрени, но тоа не се случува.

Ако сакате да изградите близок однос со емпат, подобро е да се биде секогаш искрен со него. Овие луѓе внатре во себе ја чувствуваат лагата.

Еве зошто емпатите се одлични детектори на лага:

– Чувствуваат кога човекот нешто крие.
Силни емоции, како што се љубомора, не можат да бидат скриени.
Дури и ако постојано се смеете и се обидувате да покажувате среќа, нема да успеете да го излажете емпатот. Тој внатре чувствува кога криете нешто од него.
Можете да излажете било кој, но не и него.

– Тие знаат дека кај вас не е така добро, како што зборувате.
Ако кај вас нешто не е во ред, вистинскиот емпат ќе го почувствува тоа. Нема да верува дека кај вас е се’ во ред, дури и ако тоа му го повторите илјада пати.
Тие сакаат, луѓето со кои комуницираат да бидат максимално искрени. Ако на некој може во потполност да им се верува, тогаш е тоа емпатот.

– Слушаат и тоа што не го кажувате.
Навистина е така. Емпатот приметува и најмала промена во вашиот глас, неговиот тон и темпото.
Покрај тоа, таквиот човек знае дека тишината може многу да значи. Тој знае за што зборува вашата тишина.

-Тие приметуваат кога не си дозволувате себе си да бидете свои.
Секој од нас е единствен. Сите сме поинакви. Некои луѓе се плашат да бидат такви какви што се. Дали и вие припаѓате на таа категорија на луѓе?
Емпатот тоа сигурно ќе го разбере.
Чувствителниот човек може да види тоа што не можете вие. На пример, колку е убава вашата вистинска личност. Комуницирајќи со емпатот, дозволете си себе си да бидете свои. Нема да зажалите.

– Тие веднаш ги препознаваат негативните личности.
Негативните луѓе не можат да живеат без драма и хаос. Тие сами ги носат тие настани во животот на луѓето околу себе и извлекуваат корист од тоа за себе.
Вистинскиот емпат, е во состојба веднаш да го препознае човекот кој се обидува да внесе негатив во неговиот живот.
Тој ќе воведе одредени правила во комуникацијата со таков човек и ќе се обиде да биде што подалеку од него.

-Тие гледаат се’ што има во вашите очи.
Емпатите ве гледаат потполно. Поради тоа секогаш треба да бидете 100% искрени со таков човек.
Бидете едноставни и отворени.
Ако страдате, тој тоа ќе го види. Ако ви е тешко ќе ве разбере.

Емпатите се во состојба се’ да видат во вашите очи. Само еден поглед и тие разбираат што чувствувате.
Не треба да го лажете. Тоа се најгрижливи и најдоверливи луѓе на оваа планета. Ако некој е во состојба вистински да разбере и сочувствува, тоа се емпатите. Таквите луѓе нема да ве осудат. Не трошете време и енергија да смислите убедлива лага. Тие веќе ја знаат целата вистина.

извор : http://www.cluber.com.ua/lifestyle/psihologiya-lifestyle/2018/10/vyi-ne-obmanite-empata-potomu-chto-on-znaet-pravdu

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: