Кога најмалку се надеваме, животот ни дава она што ни треба

Стручњаците за ментално здравје Енди Баркер и Бет Вуд, ги објаснуваат најдобрите начини да се смирите во кризни ситуации. Тие истакнуваат дека понекогаш и најмало случување може да иницира стрес и објаснуваат како телото реагира и како да се смирите.

– Животот пред нас става разни предизвици. Живееме брзо, имаме многу обврски и поради тоа доаѓаме и во некои кризни ситуации. Само нешто ‘ситно’ е понекогаш доволно да не’ турне од работ- објаснуваат тие.

– Тоа чувство е всушност начин, на кое телото реагира на стрес и тоа е најчесто реакција на закана или опасност. Проблемот е во тоа што перцепцијата на опасност во модерниот начин на живот е постојана, односно често сме под стрес, поради што понекогаш едноставно не можеме да си ја дефинираме состојбата.

Затоа се случува, на важен настан, ситуација, околност одеднаш немаме ништо во главата, но добрата вест е дека постојат начини да го смирите својот ум и безболно да ја преживеете кризата.

Баркер и Вуд истакнуваат дека трикот е во еден вид на медитација, која всушност подразбира да бидете присутни во моментот, а науката докажа дека оваа техника навистина го смирува умот.

– Имаме навика негативно да мислиме за некои настани од минатото или да го проектираме минатото во случувања во иднината, поради што забораваме да уживаме во сегашниот момент. Оваа пракса може во тоа да ви помогне- да се смирите, рационално да размислувате и ефикасно да го решите проблемот, кога со него ќе се соочите.

– Кога ќе почувствувате во моментот на стрес дека стомакот почнува да ви се грчи, погледнете околу себе и изберете еден објект кој ќе го анализирате. Да речеме, часовникот на ѕидот…добро погледнете го, која боја е, кој облик, како изгледаат стрелките. Бидете љубопитни. Како е направен? Кој дел е главен? Размислете за комплексноста на дизајнот. Сега сте присутни во моментот. Наскоро ќе се чувствувате помирно бидејќи се спушта нивото на хормонот на стресот.

Шетајте, но навистина, не само механички да одите.

– Кога секој ден ја повторуваме некоја работа, на пример, пешачиме од работа до дома, не приметуваме многу работи. Ставаме слушалки и одиме. Кога последен пат сте биле свесни за се’ што ве опкружува, звуци, мириси? Шетањето е одличен начин да се подготвите за ден полн со предизвици. Својот фокус ставете го на дрвјата, небото и се’ друго што ќе ви излезе на патот..Ако ви се јавуваат други мисли, прифатете ги и фокусирајте се на разгледивање на патот. Ваква прошетка ќе ви помогне да се опуштите- тврдат стручњаците.

Решете се од негативните мисли.

– Секој од нас има моменти во животот кога се соочува со непознати ситуации, кои се надвор од нашата зона на комфор, поради што стануваме анксиозни. Во тој момент автоматски се јавуваат негативни мисли, со кои себе си се саботираме, замислуваме лоши сценарија и забораваме што треба да направиме или да кажеме. Визуализација на целта е ефикасен начин на креативно размислување бидејќи телото не разликува што е реално, а што замислено искуство.

На овој начин спортистите често се приготвуваат пред важен настан- тврдат Бакер и Вуд. Најпросто објаснето- ако некаде треба да одржите некаков говор, неколку дена пред тоа, почните да го визуализирате тој настан во својата глава. Седнете удобно и затворете очи, па визуализирајте.

На крајот ги поврзувате сите овие три елементи на моментот заедно и повторно мислите на тоа, до детал. Тоа е сјајна подготовка за важен ден, велат стручњаците, бидејќи на овој начин ќе имате повеќе самодоверба и потенцијално стресен настан да го претворите во лична победа.

иавор: Telegraf

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: