Живеј го својот живот по свое, а не како што сакаат другите

Не мора во секој дијалог или расправа, вашиот став да е ‘закон’. Пуштете го другиот да биде победник, а вие имајте свој мир.

Не мора луѓето да ги терате да мислат онака како што вие мислите, ниту да зборуваат онака како што вие зборувате. Што ќе постигнете со тоа, освен малку да го ‘исчешлате’ вашето его? Ништо повеќе.

Така од нив ќе направите свои непријатели, на кои повеќе нема да им биде пријатно во ваша близина, дури и ќе им ‘газите’ по нерви. Пуштете ги луѓето да мислат дека ќе ве добијат и дури тогаш кога сте вистински победник.

Но, тоа секогаш не е лесно.

Да се пушти другиот да биде победник, значи да се разбере дека животот е многу повеќе од некое вербално натпреварување или докажување на сопствената интелигенција. Голем број на луѓе никогаш немаат потреба на некој да му докажуваат, бидејќи знаат и веруваат во оние вредности кои се во нив и кои не стануваат ниту поголеми, ниту помали затоа што некој ги признава или не признава.

Тие знаат дека чувството на сигурност не доаѓа однадвор, туку може да го најдете само во себе.

Да го пуштиш другиот да биде победник, значи да се обврзиш пред себе, дека егото нема да биде доминантен фактор при донесување на одлуки, туку дека важна улога ќе има твојата душа. Тоа исто така значи дека било какво натпреварување нема да го сфатите како загуба на време и разум, туку како губење на самодовербата.

Да го пуштиш другиот да биде победник, значи да престанеш да се занимаваш со неважни работи и да влегуваш во непотребни битки, а фокусот да ти биде само на оние избори кои го прават нашето срце. Затоа пуштете го другиот да биде победник, а вие продолжете да ја пишувате вашата животна приказна, независно за тоа чија ќе биде последна.

Одлучете што сакате да добиете од животот, а се’ друго турнете настрана.

Кога ќе ви стане сеедно кој ќе биде вербален победник, ќе видите како подобро ќе се чувствувате во сопствената кожа и со тоа ќе станете вистински победник.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: