Ако не оди по планот, оди по судбината

Кога најчесто сте несреќни?

Пред се’, кога сте хронично неспособни, се’ да оставите на мир, вклучувајќи се и самите себе. Едноставно, прифатете го текот на животот и конечно само живејте.

Ова треба сите да го знаат, за конечно да престанат самите себе да се гњават, да си бараат мани, да се споредуваат со други, расчистуваат со минатото, трчаат по иднината, да се јадат за направените грешки, да очекуваат од себе совршенство.

И покрај сето тоа што си го прават, плус и да живеат.

Оставете ги децата на мир. Престанете да мислите, дека вие точно знаете што им е потребно за да бидат среќни. Престанете да живеете за нив, макар и со најдобри намери. Престанете да ги дресирате да работат по ваши команди и да ги учите само на послушност.

Престанете да им поставувате непремостиви препреки, со кои ќе ги одучите од добрата навика, да размислуваат со своја глава. Престанете да ги оптеретувате со својата амбиција, обидувајќи се да ги надокнадите своите неуспеси со тие успеси, кои не им се потребни. Престанете да мислите дека секогаш мораат да ги исполнуваат вашите очекувања. Оставете ги своите најмили на мир.

Оставете го целиот свет на мир и само станете негов дел, не очекувајќи дека во него имате посебно значење. Гледајте на него само со восхит. Само работете го својот дел од работата. И правете она што сте во можност. Едноставно само прифатете го текот на животот.

Обидете се да останете мирни.

извор: uspesnazena.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: