Животот е прекраток за самите себе да се ограничуваме

Не треба да се живее во страв, бидејќи животот е прекраток за самите себе да се ограничуваме, мислејќи дека не можеме. Не земајте ништо здраво за готово, туку живејте онака како што сметате дека треба, како што сакате.

И никогаш, никогаш ништо не чекајте. Додека смртта не го покаже своето лице, многу често чекориме несвесни за се’, мислејќи како ги фативме сите ‘конци’ во животот и ги пронајдовме своите уникатни одговори и вистини. Но, за тие моменти навистина никој и ништо не може да не’ подготви и секогаш останува она прашање зошто?

Тоа искуство на преминување од физичко тело во она духовно, етерично, бесмртно, би требало да биде нормален тек на животот, не треба да се биде во страв, ниту да се смета за крај.

Но, без оглед на своите уверувања, тешко е да се смират емоциите, да се соберат мислите и да се опорави душата по такви искуства. Тешко е што навистина сме толку кршливи и минливи и дека во моментот се’ што сме и се’ што имаме, може да исчезне и сите нишки можат да се раскинат. Не живее во нас стравот од самиот чин на смртта, ниту таа болка која ќе се почувствува во одредени моменти, која е минлива, туку стравот дека нема доволно живот, за да се внесе во сите денови на уникатниот пат.

Не знаеме колку време имаме. Знаеме дека сме создадени за да доживееме прекрасно искуство на преобразба, за да ги откриеме сите свои нијанси и да ги надополнуваме низ животот со другите, минувајќи од искуство во искуство. Но, кој може да ви го гарантира тоа време? Никој.

Не можете да го купите со пари, ниту да помислувате дека имате уште време. Секој од нас има можност да постигне она што сака, ако веќе нема можност, тогаш има желба, страст, упорност да го отвори патот кон тоа и да направи од себе нешто.

Но, колку навистина работиме на тоа, да станеме она што сакаме, она што ние навистина сме? Дали знаеме што е за животот важно или дозволуваме животот да ни ги одреди границите, да се ставиме во тој кош ‘утре ќе го направам тоа, има време’. Да одиме по патот и само слепо да ги пратиме стрелките?

Вистина е, секој ќе верува во она што посакува. Секој знае колку може да постигне и дали ќе се упати на пат кон пронаоѓање на себе си. Исто така, секој од нас има одговори, зошто не го прави тоа сега, во која мера допушта конформизмот и стравот да влијаат на неговиот понатамошен живот и цели.

Додека смртта не ја погледнеме во очи, не сме вистински свесни, не. Сметаме дека правиме правилно и дека сме разбудени. Но, најдобар показател на будењето не е она што зборуваме, пишуваме или мислиме, туку она што секојдневно правиме. Она што имаме е така кршливо и во текот на животот менливо. Она што имаме се сведува на нашата душа, нашиот ум, емоции, она што сме направиле, за себе и а за другите.

Смртта треба да биде предизвик, да го живееме својот живот со полни гради. Предизвик е да престанеме да се лажеме себе дека од понеделник, ќе воведеме промени во нашиот распоред и повеќе ќе се посветиме себе си и на блиските. Треба да се мотивираме, дека треба да дадеме се’ од себе, бидејќи не знаеме каде ни е крајот. И кога на животот им пристапуваме така, секој ден со подеднакво почитување и уживање, ќе сфатиме дека времето за кое порано не бевме свесни, додека уживавме во мрзливоста, сега кога сме продуктивни лета се’ побргу, а ние не можеме да ја застанаме таа брзина.

Гарантирано ни е искуството на живот и сите можни предизвици, но не ни е гарантирана вечност во физички облик. И кога ќе одиме на онаа страна, без оглед на тоа, што нема да означува крај туку нов почеток, убаво е да се има спокој и да знаете дека во овој облик сте дале се’ од себе, за да оставите позитивен траг, па и оној најмал.

Затоа, уште денес и секој ден од денес, без она ‘утре ќе го направам тоа’, гушнете ги своите блиски, почитувајте ги и во моментите кога сте лути едни на други, сакајте се и ширете радост. И дозволете си да бидете луѓе, да чувствувате и делите се’ што имате, да ги отворите срцето за нова искуства и сознание.

Извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: