Како да се спасиш од повторувањата и шаблоните во кои си заробен?

Понекогаш сакаш да побегнеш, да не се вратиш, бидејќи се плашиш од силните чувства, а не си подготвен повторно да бидеш повреден. Тешкиот товар веќе го носиш и не можеш ни ронка повеќе да носиш, а да не паднеш.

И бегаш. И трчаш толку, за да стигнеш далеку, толку далеку да можеш само да заклучиш дека трчајќи, направи круг и дојде повторно на истото место, сега не само уплашен туку и уморен од трчање.

Немаш повеќе сила ниту за бегање, ниту за страв. Се предаваш, до некоја нова бура која ќе го разбранува минатото и ќе ја крене тињата од сите дотогашни промашаи.

Како да се излезе, се прашуваш, како да се спасиш од повторувањата и шаблоните во кои си заробен и како да се смириш, а да не умреш, како да сакаш, а да бидеш безбеден од болка; како да траеш во тој момент на предавство, а да не се срушиш, токму во тој момент….

Многу прашања, а одговори нема. Стравовите не’ одредуваат. И се’ додека се тие, нема потполно препуштање. Ако сме со некој, а му подготвуваме освета за сите поранешни ранувања, тогаш авансно ја наплаќаме новата болка.

Покрај љубовта треба да постои и родителска нежност и трпение. Ако некој може да не’ сака, како да сме негова жена, ќерка и мајка, тогаш навистина може да не’ разбере. Исто, ако некој го сакаме и како маж, брат, татко или син, дури тогаш можеме да се ослободиме од стравот. Или сме се’, еден на друг или ништо. Парцијалната љубов создава од нас функционални машини. За заедноштво е потребен цел човек. Двајца такви.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: