Не те повреди љубовта, туку човекот кој не знае да сака

Osho Rajneesh (Индија, 1931-1990) пред да стане светски духовен учител, бил професор по филозофија. Неговата најомилена тема е Љубовта. Еве што пишува за неа, овој истакнат духовник.

…. Љубовта е само религија, восхит, мистерија која треба да се живее и да се разбере. Со разбирањето на љубовта, ќе ги разберете сите светски текови и мистерии.

Ние европјаните учиме за љубовта гледајќи ги другите, но никој не ни објаснил дека е важно да се сакаме себе си, пред да ги засакаме другите. ‘Љубете го ближниот, како себе си’- пишува во Светото писмо; но во нашата луда трка кон ‘најголемото добро’ го изгубивме најважниот збор: ‘Како’.

И покрај тој збор, исто така се изгубивме себе си. Поради тоа, пред да ги засакаш другите, мораш да научиш да се сакаш себе, инаку како можеш да бидеш сигурен што му даваш на другиот? Заљубете се во Љубов.

Од каде се добива Љубов?

Прво мора да ја имате во себе. Да се сака ближниот свој, а да не се знае ништо за љубовта, тоа значи дека не сте се сакале себе си. Луѓето се сакаат, не знаејќи ништо за љубовта: тоа е како некои просјаци да бараат милостиња меѓу себе, мислејќи дека другиот е цар. Сите мислат исто: другиот е цар. Но, сите се просјаци, порано или подоцна- стварноста ќе се манифестира и тогаш ќе има несреќа и страдање.

Тогаш ќе помислите дека сте измамени: ‘Овој просјак се обидел да помине како цар!’ Вие го сметавте за цар и ситуацијата е исто така идентична од друга страна: другиот мисли дека сте го измамиле, дека се преставувавте како цар, а вие сте само просјак.

Кога двајцата просјаци ќе откријат дека се само просјаци, тие можат да направат се, да бидат бесни, да експлодираат од бес, да се напаѓаат едни со други и да се мразат себе си до смрт! А љубов? Не, немало: не знаат што е љубов.

За да знаете нешто да добиете, мора да почнете од себе. Научете да живеете ако сакате да бидете среќни.

Учевте да се жртвувате за глуп идеал. Јас сакам да бидете сами и единствено себични. И ќе се изненадите: ако сте себични, во себе откривате бесконечно богатство, кое набрзо ќе почнете да го делите.

А богатството кое го имате во себе, не го следи патот на економијата: тоа е дијаметрално спротивно од нормалната економска структура. Во економијата ако дадете нешто, ќе имате помалку, а ако продолжите да давате, наскоро ќе бидете просјаци. Во светот на обичната економија морате да му одземете на другиот што повеќе, па тогаш ќе добиете се’ повеќе и повеќе и уште многу повеќе.

Богатството за кое зборувам го следи вториот закон: ако премногу се држиш за него, тоа ти испаѓа од раце. Ако премногу го држиш, може тоа богатство и да умре. Ако посакаш да го уништиш, затворајќи ги сите прозорци и врати, ништо да не може да побегне, ќе бидеш мртов човек…со сите свои мртви блага во себе!

Твојата вистина, твојата слобода, твојата љубов, твојата радост… Дефинитивно мртво! Смрт која е повеќе од сигурна!

Ако наместо тоа сакате да го развиете своето богаство, поделете го; делете го во потполност. Кога делите, она што е важно е делењето, а не со кој тоа го правите! Кој и да е заинтересиран…само давајте. Не се грижете за примателот, продолжете да праќате љубовни писма: некој некаде ќе ги прими.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: