Ловци на соништа, ее тоа сме сигурно по професија!

Сонуваме, сонуваме, 10 места празно пак сонуваме!

Да се разбереме, во тоа нема ништо лошо!

Не да нема, тоа е најверојатно најдоброто од нас, вистинските ние, онаа човече што ѕирка позади ладните суштества во кои се претворивме, реалноста нѐ дотепа изгледа!

Замрзна сѐ човечно, ама соништата не може да ни ги земе, тие не’ држат на нозе, живи, без нив чаре нема! Но, еден ден, а сигурно ќе се случи тој ден, соништата ќе се нашата реалност!

Верувајте му на оваа човече или уште подобро верувајте си на себе, на вашите соништа! Во право сте, сонувате за живот, а не преживување! Живот не како збор на парче хартија, не како тие пет букви кои без љубов и благодарност за сѐ што имаме и немаме, не значат ама баш ништо! Големо ништо! 

Сонуваме за работа, за кариера и сѐ тоа да тече ко мед и млеко! Без проблеми хмм! Може, но само оние кои ќе не’ научат на некоја вредна лекција, нема да се претворат во главоболка потоа во мигрена и не дај Боже, болест!

Проблеми кои нема да ни одземаат премногу од животот, некако на вересија, ако може? Секако дека се шегувам, и така сме преголеми должници на животот за секој ден, па кажете благодарам во тоа име! 

Сонуваме за љубов! Како на филмовите можеби, со хепиенд! Ма нее, љубов вистинска, па и само таква љубов е љубов, онаа за која ќе слушнете на вести дека го спасила човештвото, е таква! 

Сонуваме и како сме безгрижни, живи, здрави и светот е наш зошто душата ни е поголема за два броја! Сонуваме како го имаме жетонот за среќа, сѐ е поубаво, абе друже рај на земја! 

После ова, некој ќе рече дека е патетично, детски, како сакате кажете! За разлика од сѐ и секого оваа е искрено! Надвор можете да глумите, но кога ќе ги затворите вратите од вашите домови, ништо од тоа можеби  нема да сакате да е ваша реалност, и кога ќе паднат маските, само ќе останете ловци на соништа! 

Остварете ги, со труд и трпение, со мака и пот, не велам лесно и верувајте, знам што зборувам! Од лесното може само лесно да се разбудите! 

Нема да брзате да падне ноќта, да заспиете и да сонувате, животот ќе е вашиот сон! 

Знаете ли како, само псссст, немојте да кажете дека сум ви кажала : ‘не плашете се од кошмари, да ги победите ви оставам вам’ ! 

Калимеро 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: