Не е секогаш онака како што посакуваш. Но, оди напред по своето срце

Не е секогаш онака како што посакуваме….И не оди се’ ‘како подмачкано’ и лесно. Но, тоа не значи дека нема да оди. Една работа во животот не е се’. Вдишете, размислете, обидете се да видите јасно… Она што чувствуваме сега, истото нема да биде и утре. Денес ќе помине. Ќе помине и денешното разочарување, ќе се сменат нашите чувства.

Утре ќе биде се’ поинаку. Утре е нов живот и утре ќе имаме нови соништа. Колку и да се обидуваме, не можеме да го задржиме денес.. Денес поминува..Ние можеме само да направиме се’, нашето утре да биде подобро.

Пуштете го денес и се’ што носи со себе. Само не заборавајте дека се’ има своја смисла… Денешниот ден ќе ве научи на се’, ако сте мудри тоа да го видите.

Луѓето се будалести да не кажам неразумни, нелогични и прилично егоцентрични..Што и да правите тие ќе ве обвинат. Кога сте добро, ќе зборуваат дека глумите и имате скриени мотиви..Ако сте успешни, ќе бидете опкружени со лажни пријатели и вистински непријатели. Луѓето се прават големи и светци, а моралот им е нула. Луѓето бараат помош, а за некои вие нема да бидете добри ниту кога ќе дадете, ниту кога нема да дадете помош..

Се’ добро што сте направиле денес, утре е веќе заборавено.. Чесни и искрени луѓе се секогаш ранлива мета на злобници. Најголемите луѓе, со најголеми идеи и дела се обично нападнати од луѓе со најмал ум и морал..

Се’ што сте граделе, може во момент да биде срушено..Тоа е така..Но, без оглед на се’, сакајте ги луѓето и животот. Правете добро. Одете напред по своето срце и својот пат. Помогнете им на луѓето. Бидете чесни и искрени. Мислете со своја глава и градете свој живот. Дајте му на светот денес најдобро што имате. Раширете ги рацете за утре.

Бидете подготвени за нови радости и нови благослови. Животот не е само еден ден..Животот е многу нови- утре. И секој ден носи нешто ново, нови радости и малку среќа за секој од нас. Научете да уживате, да се радувате и насмевнувате. Не’ чекаат сите многу нови – утре.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: