Ако мислиш дека нема што да дадеш, не заборавај на твојата насмевка и убавиот збор

Во народот се вели: ‘Дај, па ќе добиеш’. Но, ние често мислиме дека немаме доволно за себе, а не пак да им дадеме на другите. Мислиме дека немаме што да дадеме, а забораваме дека можеме да подариме насмевка, убав збор, љубезност, смирен тон, блискост.

Уште поголемо недоразбирање станува, кога ни себе не си даваме ништо. Некои велат: ‘Само малку мир ми треба’, а при тоа се многу посветени, во развивање на сопствениот немир. А треба барем малку љубов да си дадеме себе си.

Сопствениот мир го создаваме кога несебично прво се разбираме себе, па потоа другите. Што побрзо сфатиме дека се’ што даваме од нас, ни се враќа, побргу лошите чувства во нас ќе ги препознаеме и ослободиме.

Потиснатите емоции не умираат. Тие одвнатре себично продолжуваат да делуваат. Во тоа беспрекорно патување на бумерангот на потиснатите емоции, токму нас ќе ни се вратат. Бидејќи ако важи законот дека се’ што излегува од мене, се враќа, тоа значи ако дадам лутина, добивам уште лутина, ако се обвинувам себе, добивам уште поголемо чувство на вина, со оговарање на другите, добивам штетни односи во кои ќе бидам оговарана. Со агресивно однесување, добивам агресија од другите. Секој пат кога ме совладува стравот, се плашам уште повеќе.

Тогаш е потребно да се ослободат негативните емоции и да се заменат со љубов. Тоа е едноставен процес. Ако не сакате да се менувате и да се ослободите од се’ што ви го кочи животот, себични сте.

Ако се ослободам од емоции и на тоа место ставам лековита љубов, тоа и ќе добијам. Но, како?

Создавајќи се нов себе. Всушност, најлошо е да бидеш себичен кон себе, без да допуштиш да се изразиш. Себичност е кога ќе се предадете себе си, бидејќи тоа предавство најдолго боли. Затоа кога себе си ќе се фатам во жалење, благодарна сум на себе. Кога во себе ќе ја препознаам мрзливоста, себе си давам самоконтрола и самодисциплина. Бидејќи и дисциплината е несебична љубов.

Кога мојата душа ќе се почувствува хаотично, застанувам и ја повикувам сопствената одговорност. Бидејќи одговорноста кон себе е несебична љубов. Кога ќе го препознам својот сомнеж, си давам себе си Верба во Живот. Бидејќи верата е несебична љубов.

И животот несебично ќе врати. Дури кога ќе ги собереме сите тие Љубови во себе, ние имаме што да им дадеме на другите. И така сопствениот мир, несебично го создаваме. Со Љубов.

Драгана Стојиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: