Човек се сеќава ако сака, заборава ако може…

Не барај некој со кого ќе го замениш. Лесно е да замениш некого, љубовта која си ја давала со задоволство би ја заменила со љубов која ја добиваш.

Совршена си, секој ден си совршена, само тоа совршенство си го барала во погрешни очи. Во очите на оној кој бил совршен во твоите очи…А таму нема ништо за тебе, само празнина.

Не барај некој со кого ќе го замениш, така секогаш ќе биде присутен дури и кога е километри далеку. Слушај ја песната која на него потсетува, иако боли, слушај ја. Слушај ја, се додека од таа песна не остане само мелодија и празни зборови. Се додека таа песна не стане само песна, ништо повеке.

Не барај некој со кого ќе го замениш, барај начин да го преболиш. Сама…Барај начин да му простиш и да го пуштиш. Нека биде само сеќавање, далечно и бледо.

Човек се сеќава ако сака, заборава ако може…

by Росана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: