Ако не можеш, тогаш немој да се обидуваш да се вклопиш

Ако не можеш, тогаш немој да се обидуваш да се вклопиш. Со било кој или со било што- луѓе, места, односи. Тоа е исто како да ја туркаш ногата во помал чевел. Можеби и ќе успееш, со голема мака едвај, но…Те боли додека одиш, се подвиткуваш, ја кривиш кичмата- не си свој. Почнуваш поинаку да зборуваш, да се движиш низ просторот и животот- кој си всушност и на кој начин живееш?

Затоа, кога ќе препознаеш дека стварноста некаде те стега и не можеш вистински со неа ни да се носиш, ниту со предизвиците храбро да се бориш… Бегај! Тоа не е за тебе. Тоа што сега го создаваш, ако не е доволно за да влијае позитивно на тебе- мораш да се тргнеш. Сега е моментот за движење, таму каде што ќе можеш слободно да дишеш и да пееш. Без калап.

Оди во радост, само тогаш животот нема да го живуркаш туку ќе го живееш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: