А ти чекаш порака? Порака која никогаш нема да дојде…

Избриши ги солзите и крени ја главата. Вредиш, многу повеќе отколку што мислиш. И не, немој да мислиш дека си грда, немој душо. Ти си најубавото Божје дете, зарем во Бог се сомневаш?

Ти си потребна, ти си создадена како подршка, пријател, создадена си за да бидеш сакана, не искористена, заменета. Ти си создадена за да бидеш најдобар другар, а најдобрите другари не лажат, не изневеруваат.

Ти си жена, не си опција. Тебе те чекаат, ти не чекаш. Поради тебе чуда ќе се создаваат, планини ќе се поместуваат и големи мориња ќе се препливаат, за да ти се докаже дека си сакана.

А ти чекаш порака? Порака која никогаш нема да дојде. Не чекај, биди онаа која ја чекаат. Знаеш зошто? Бидејќи си жена, бидејќи вредиш, бидејќи така треба. Од кога постои светот.

Не си дозволувај себе си, да те врзува било што друго освен љубовта, ни дворци, а ни пари. И не моли жено, тоа не смееш. Жената никогаш не смее да моли, жената е таа која ја молат, за ронка нејзино внимение, за нејзин поглед.

Ти си создадена за некој во тебе да го осознае она најдоброто, твојата сила, твојата подготвеност за живот. Ти си многу повеќе од тело, треба на некој да му бидеш Свемир…да Свемир, а не ѕвезда.

Ти си создадена љубов да водиш, на твоето тело да се приоѓа како на храм, како светина, а не како објект. Треба да се љуби секој дел од твоето тело, милиметар по милиметар, што поситно и што повеќе. Не заслужува секој да те допре, а не пак да те има, луда женска главо.

Убава си, верувај ми. Погледни ги само рацете. Твоите раце, знаеш ли колку вредат? Твоите раце еден ден ќе бидат засолниште, сигурно пристаниште, рај. Твоите раце еден ден ќе лечат рани, болка и солзи, твојата прегратка ќе заштитува некој од целиот свет, од сите душмани и зли јазици.

Твоите раце ќе бидат единствена сигурност во времето кое доаѓа. Сигурност во светот преполн со несигурности. Да, сето тоа го можеш. Се’, бидејќи ќе бидеш мајка.

И крени ја главата. Можеби една приказна заврши. Тоа е обична приказна за тоа како уште еден маж на овој свет не го почитувал она што имал.

Тебе те чека многу повеќе. Ти треба да ја живееш својата бајка…

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: