Повеќе не ги трпам оние кои немаат ни малку почитување- Чао, со здравје!

Доаѓа време во животот кога повеќе не страдаш од некои преголеми соништа, кога амбицијата ја сведуваш на реална мера и кога сфаќаш дека успех е тоа што утрово си се разбудил и можеш да го поминеш денот на свој начин.

Повеќе не ти требаат големи промени, бидејќи си ги поминал сите ‘страни’, си доживеал разни предизвици и сега најповеќе посакуваш малку мир и некоја оаза, во која на мир ќе се посветиш на некоја убава книга или ќе уживаш во звукот на добрата музика.

Не дозволуваш повеќе да бидеш несреќен поради нешто што не се случило, онака како што си очекувал, бидејќи сфаќаш дека животот и со криви црти може да напише вистинска приказна. И така стануваш потивок, влегуваш во суштината на животот и сфаќаш дека работите кои ги нарекуваш ситници не се секогаш ситници.

Тоа што имаш некој проблем, знаеш дека не е крај на светот, бидејќи и другите имаат многу повеќе проблеми од тебе и не прават некои претерани драми од тоа. И како стануваш потивок, стануваш способен за раст кој порано ти се чинел неостварлив, бидејќи подобро ги разбираш работите и луѓето и знаеш колку има безначајни работи и токсични луѓе, кои само треба да се занемарат за да дојде до она навистина што е вредно.

Доаѓа време кога тишината ти значи повеќе од некогашните успеси, бидејќи со мирот можеш да го погледнеш својот одраз, во огледало, и да бидеш свесен дека на никој ништо не му должиш, ниту си го продал својот одраз и карактет за некој беден интерес.

Сфаќаш дека ова малку време што ти преостана, потребно е да излезеш од своите битки, во кои некогаш си влегувал и да почнеш да живееш една нова димензија на животот, димензија на тишината во себе и на светот околу себе.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: