Твојата среќа е најважна, а не мислењето на другите

Ќе бидеш вистински среќна оној момент кога ќе сфатиш дека имаш само еден живот и треба да го живееш за себе, а не за другите. Онака како што сакаш ти, а не како што посакуваат другите.

Ќе бидеш вистински среќна, кога повеќе нема да се грижиш што другите мислат за тебе. Знаеш и самата, дека никогаш нема да им се допаднеш на сите. И не се обидувај. Знаеш дека секогаш ќе се најде некој кој ќе се обиде да направи се’, само да не се чувствуваш добро во својата кожа. И да не ти е гајле за нив.

Твојата среќа е најважна, а не мислењето на другите. Единствен начин да им ја затвориш устата, е да не ти е грижа. Верувај ми, игнорирањето најповеќе ги боли.

Ќе бидеш среќна ако останеш во својот мал круг на критика и незадоволство. Ќе ги пронајдеш своите недостатоци. Никој не е совршен. Важно е да учиш на своите грешки и да не ги повторуваш. Ќе се обидат да го наметнат своето мислење и да те натераат да се откажеш од своето.

Ќе се обидат да ти ги сечат крилата, зборувајќи дека твоите соништа се неостварливи, затоа што тие немаат храброст да се борат за своите. Сакаат да бидеш малечка колку и тие. А ако им дозволиш, ќе успеат. Не мораш на никој ништо да му докажуваш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: