Пушти се’ да биде како што е!

Ана Шахназарова, 3 месеци патувала низ Индија. Враќајки се дома, воодушевена од се’ шо научи во текот на своето инспиративно патување, подели со нас 16 неверојатни работи:

1. Секогаш бидете во сегашниот момент, никаде на друго место. Бидете секогаш таму каде што ви е убаво, но не брзајте. Ако чувствувате дека треба да бидете на друго место, одете таму каде што ве носи внатрешниот глас. Но, не заборавајте, не е нужно да одите некаде за да се пронајдете. Тоа е многу суптилен факт. Смислата е да бидете секогаш присутни.

2. Пуштете (дозволете) се’ да биде како што е.

Не се обидувајте да ги контролирате другите луѓе и случувањата. Не планирајте, не очекувајте, но посакувајте. Опуштете се. Научете да застанете и направите пауза- пауза во која ништо не се случува. Не бидете секогаш оние кои бараат, дозволете во вашиот живот сами луѓето да се појавуваат, а случувања да се случуваат. Бидејќи, и едното и другото не се појавува без причина во вашиот живот.

3. Делете слобода

Дајте си себе си слобода да бидете тоа што сте, а на другите допуштете им да бидат она што се, макар и поинакви од вас. Запомнете, секој оди по свој пат и има свои лекции. Ако вашите патишта се вкрстуваат- одлично, но ако се разделуваат- повторно е добро, бидејќи носат во себе добрина за вас, за нив, за сите.

4. Не се плашете

Никогаш и од ништо. Менувајте го начинот на кој ги обавувате секојдневните работи. Ако почувствувате дека морате нешто да кажете или да направите- направете го тоа и не обрнувајте внимание на формалните препреки како што се- ‘но, за тоа немам пари’ или вообичаено- ‘нема да успеам’ . Изберете да се ослободите од стравовите.

5. Не се обидувајте да имате се’ и веднаш.

Се’ што е потребно секогаш ќе го добиете, а кога нешто недостасува, ќе ви дојде од сестра, брат, пријател или случаен странец. Бидете умерени во се’.

6. Не се врзувајте за луѓе

Никогаш нема да останете сами, бидејќи каде и да одите ќе пронајдете луѓе кои се свои, кои ќе ве воодушеват, инспирираат и ќе ве исполнат. Кога важните патишта ќе се разделат, колку и да трчате по некој, нема да останете заедно, а од своите, колку и да бегате, нема да можете да побегнете.

7. Отпуштете

Со насмевка, со љубов. Сите. Но, никогаш тоа не го сметајте за простување засекогаш, бидејќи никогаш не е конечно. Секогаш кажете ‘благодарам’ и ќе се видиме. Не можете да изгубите нешто што немате и не можете да добиете нешто што е веќе ваше.

8. Секогаш вода

Го помните принципот на морскиот бран: бранот доаѓа и си оди. И тој принцип важи за се’: состојби, чувства, луѓе, предмети. Ништо не е статично. Ние живееме во светот на движење. Затоа не се задржувајте во една состојба- бидејќи тоа ќе се смени. Ништо не можеме да задржиме, затоа и не се обидувајте тоа да го направите, туку бидете благодарни на моментот додека трае.

9. Слушајте го својот внатрешен глас.

Слушајте ги советите на другите, но правете како ви зборува вашето чувство. Ако на моето патување, се однесував како што ми зборуваа другите луѓе, никогаш немаше да бидам во Варанаси, никогаш немаше да го пронајдам градот на своите соништа и сеуште ќе се плашев од се’ и ќе живеев во окови. Слушајте се себе си. Секогаш.

10. Имајте доверба во луѓето, во Свемирот, во Бог- наречете го тоа како сакате. Верувајте дека се’ што се случува во вашиот живот- се случува за ваше добро. Дури и во најтешките моменти.

11. Посветете неколку минути за себе дневно. Правете што сакате- медитирајте, цртајтајте, пишувајте, одете во прошетка или само уживајте во тишината. Дури и неколку минути ќе ви помогнат да имате увид што ви е потребно, а што е предизвикано од умот, другите луѓе, илузиите.

12. Сакајте се себе си

Почитувајте ги своите желби, соништа, тело. И знајте, вие можете да имате се’. Се’ е можно.

13. Делете

На сите и секогаш. Со пријатели, бездомници, со куче и никогаш не очекувајте ништо за возврат.

14. Посакајте желбата

Ако знаете точно што сакате, тоа и ќе се оствари. Бидете максимално прецизни кога ги формулирате желбите.

15. За да можете да облечете нова кошула, треба прво да ја соблечете старата. Буквално и метафорички.

16. Патувајте

И најдобро- патувајте сами. Бидејќи каде и да одите, сите се секогаш со вас.

Извор: cluber.com.ua

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: