Играч или играчка, прашањето е сега!

 Понекогаш ќе се чувствувате како странец во сопственото тело, никаде нема да припаѓате, а животната иронија да биде поголема, скоро секаде ќе се вклопувате!

Ама нели, залудно е ?

Ќе се прашувате сѐ почесто каде грешите, што правите, како изгледа толку правилно, а всушност не е? Ќе ги погледнете и луѓето околу вас и молк… ама од оние молчења што врескаат длабоку во вас! Наместо крв, како преголема доза сомнеж да ви тече низ вените! Ама повеќе посакувате да бидете дилери на надеж, безнадежно да се надевате и надевате, отколку да си удрите од оние шамари, што ќе ве отрезнат,  ама само навидум! 

Сфаќате дека тие луѓе не се ваши луѓе, оној момент кога треба да правите план Б! Кога за пријателствата, љубовта, работата и за сѐ од А до Ш, ви треба план Б, значи дека нешто “смрди”! 

Ее, денес сѐ се расипува, можеби луѓето повеќе и побргу од сѐ останато! Збогувајте се со “расипаната роба”, за да нѐ се расипете и вие, не верувам дека тоа ви е желба и гледајте да не биде доцна! Од тоа доцна си патиме! 

Потрагата по себе е болна и тешка, ама вреди, вреди цел живот! Не мора да се мачите ако не сакате, ама затоа ќе одите на места каде не би сакале вашата нога да стапне никогаш, ќе се смеете лажно, а внатре во себе ќе плачете, ќе климате со глава, а секој милиметар од вашата кожа ќе се бунтува, ќе бидете сѐ, само не вистинските вие! 

Па размислете, пред да кажете “Јас”, дали такво нешто постои воопшто? Погледнете се во огледало, добро, добро погледнете се, играч или играчка, што сте вие? 

 Калимеро 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: