Како се гради кула од карти?

Градев кула од карти, голема, висока, стабилна. Внимавав и на најситен детал, за да трае за цел живот. Секоја карта ја поставував нежно со точно растојание, да биде потпора на секоја наредна.

Како кулата растеше така и јас се чувствував се поубаво, внесов многу љубов и трпение, внимавав некој да не ми ја сруши.

Како растеше веќе стана поголема од мене, морав на прсти да се подигам да ја дофатам. Ми останаа неколку карти, а мојот ас го
чував за врвот…. И тогаш се сруши.

Не можев да верувам што се случи, дали сам ја срушив или не издржаа темелите, важно веќе ја немаше. Голема тага имав во срцето, а душата ме болеше со секој нареден здив.

Се прашував дали ќе можам повторно да ја изградам кулата, а толку многу посакував, а како да чувстував, дека не зависи само од мене.

Сега имам помош, точно ги знам насоките, знам каде сум згршил минатиот пат….И еве сум денес со асот во рака пред совршена кула, а асот го поставуваме заедно. За едно.

Асот во знак на срце претставува нов почеток, нова љубов.

Горан

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: