Kако да имаме живот по своја мерка и што значи поставување на цели?

Mногу луѓе се критични кон самите себе и веруваат дека не се доволно добри. Додека се плашат од успехот и неуспехот, животот проаѓа покрај нив, ставајќи ги своите желбите во втор план.

Како да го имате животот во свои раце, како да се растеретите со она што го носите со себе од минатото и кои се техниките за живот по ваша кројка, денес зборуваме со Билјана Галовска, првиот НЛП тренер и професионален коуч во Битола, предавач на Бизнис Академијата Смилевски во областа на организациското однесување и комуникации.undefined

1. Што ќе им кажете на оние кои мислат дека е луксуз живеењето по своја мера?

Сите ние живееме по своја мера, само што некои од нас се прилагодуваат на надворешните околности и дозволуваат некој почесто да креира за нив, а додека други сфаќаат дека треба да се усогласат со самите себе, да ги почитуваат своите вредности и полека да се навраќаат на детето во себе, кое не’ носи да уживаме во сегашниот момент, во едноставните, но мали нешта. Но, често се мисли дека едноставното е и лесно. Воопшто не е така. За мене луксуз претставува духовниот свет и неговото богатство, да се задлабочиш во самиот себе и да се разбиреш себеси си.

2.Како навистина да знаеме што сакаме во животот?

Нашата потсвест ги знае сите одговори, знае која е нашата смисла и кој е нашиот допринос за овој свет. Таа помага да ги видиме знаците на нашиот животен пат, кои треба да ги следиме внимателно. За да откриеме што сакаме во животот и што не’ прави среќни треба да станеме пчели, наместо муви.

Природно сме како мувите, во најзелената ливада застануваме на едиственото ѓубре кое ќе го најдеме (на она што ни недостига, го немаме, не сме задоволни). Пчелата и во најголемото ѓубриште ќе застане на единствениот цвет кој ќе го најде. За да знаеме што сакаме во животот треба да станеме пчели, да се фокусираме на она што сега го имаме и кога тоа ќе го освестиме да се доведеме во состојба на благодарност. undefined

Благодарноста е клучот кон добар живот, затоа што води во благосостојба низ чија призма ќе добиеме повеќе работи во нашиот живот, кои ги сакаме и за кои создаваме плодна почва да си дадеме за право дека ги заслужуваме. Тука никнува и страста со која работиме одредени работи што ги сакаме.

3.Кога вие одлучивте да бидете среќни?

Одлучив да освестам дека сум веќе среќна во еден период од мојот живот, кога поголем дел од денот страдав. Од оваа перспектива можам да констатирам дека цела криза во која што тогаш се најдов, беше за мене најдоброто нешто што ми се случило. Кога дојдов до границата (кога се уморив) и ја преминав линијата, решив дека е време да се свртам кон себе и да прифатам се’ што постои околу мене, онакво какво што е.

4. Како да се мотивираме за живот кој го сонуваме?

Кога ќе оставриме еден сон, доаѓа друг и во тоа е убавината. Не е вистина дека секогаш постои мотивација, кај луѓето кои успеваат и дека тоа е неисцрпен извор во нив. Можеме да се мотивираме преку книги, едукации, моделирање, преку луѓето со кои поминуваме дел од денот, идеите кои ги разменуваме, свесно бирање на опкружување кое не поддржува и пронаоѓање начини за менување на уверувањата кои не ни користат и не’ ограничуваат во поддржувачи и афирмативни.

Сепак има моменти кога ќе ни недостига мотивација. Тогаш дисциплината е најважна, а јас се водам од онаа познатата ‘можеби денес мотивацијата не ми е на највисоко ниво, но затоа сум дисциплирана’. Визуализацијата ми е алат за информација на потсвеста, дека е нешто возможно и е погонско гориво за иницирање на акции, подржувачки и афирмативни.

За да се оствари нешто кое сакаме, навистина треба да бидеме доследни и да работиме на тоа, да ја разгориме верата во себе дека тоа е возможно, да знаеме што ќе видиме, слушнеме и почувствуваме кога тоа ќе се оствари. Информацијата дека на нашиот ум му е многу потешко да креира сеќавање на иднината, отколку да не’ врати во минатото е можност да сфатиме, дека ние сме одговорни за нашите мисли, за нашата верба во себе, за нашата иднина и одлуките кои ги носиме и акциите кои ги превземаме во таа насока. Се’ тоа бара време, трпение, упорност и безрезервна верба во себе дека за нас тоа е возможно.undefined

5. На 29. 2 во Бизнис Академија Смилевски во Битола, ќе одржите предавање за креирање на цели. Зошто тоа е важно во создавањето на животот по своја мерка?

‘Ако не знаеме каде одиме, ниту еден ветар нема да биде поволен’ – рекол Сенека. Јасно дефинирање на целите, даваат можнст да креираме живот по сопствена мерка.

97% од популацијата не дефинира и не знае правилно да ги постави своите цели. Останатите 3%, достигнале се’ што запишале и дефинирале на хартија.

За сите детали околу предавањето можете да се информирате на biljanagalovska@yahoo.com

Можете да поставувате прашања кои се однесуваат на личниот развој, на истиот мејл или во инбокс на групата на Оптимизам зона на фб.

Оптимизам зона

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: