Една изгубена битка, не значи завршена војна!

         Види вака, го немам рецептот за среќен живот, го немам зошто самата си го пишувам! Сите до еден сме или виновни или не, за она што ни се случува, а не случајно се вика живот! Судбина велиме хмм! Изговор за нашите глупи потези, е тоа е веќе судбина! 

Времето ме научи, дека ние сме тоа во што веруваме! Мислев небулоза, ама животот полека, но сигурно ме демантира! Во што верувате вие, прво прашајте се! 

Не е препорачливо да бидете преголеми оптимисти, но бидете реални оптимисти! Гледајте црно и бело, ама не го живејте сивото, вие самите создадете ја бојата на вашиот живот! Одлучете, изберете, не живејте народски кажано на “два ума”! Верувајте во себе, во вашите соништа и остварете ги, тие затоа и постојат!

 Бидете неизмерно благодарни за секој миг, за тоа што сте живи, за сѐ што имате и немате! Сведоци сме на црната хроника секој ден, кога читаме или гледаме вести, секакви катастрофи, некој го загубил животот, некого повеќе нема, а ти си уште тука!

Тоа е привилегија! Не очајувате ако нешто не е по ваш кеф, токму тогаш има причина! 

Ви поминал возот, уште подобро, значи вие чекате авион!

За некого инспирација, за некого иритација! 

Ама живот е тоа! А токму животот за секој од нас има план! Многу подобар! 

 Калимеро 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: