Животот е премногу краток за да биде ситен

Порано секоја клупа имаше своја приказна…Седиш сама на клупата на која е испишана твојата најубава приказна. Се чувствуваш осамена како лист на ветрот…Немој.

Приказната не ја испиша клупата, ти ја пишуваше со своето срце. Животот е премногу краток за да биде ситен. Наместо да плачиш по она што си го изгуби, насмевни се за она што го имаше.

Не беше важно каде, туку со кој…најубавото место на светот…во неговите раце. Љубовта имаше име и лице…неговото. Можеби траело кратко, но било твое. Само украдени мигови…твоја приказна.

Ако макар на кратко си била среќна, не е грешка и не е залудно потрошено време. Ако макар само еднаш затрепериш на помислата на него, вредно е за уште една насмевка наместо солза.

Твоето срце ќе испише уште многу приказни. Некоја за тага, некоја за среќа, некоја за љубов. Ти само погрижи се да уживаш во секоја од нив. Твојата приказна вреди да биде одживеана…

by Росана

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading