Оној што озборува со тебе, ќе озборува и за тебе

Се’ додека ги проценуваме другите, се залажуваме самите себе, бидејќи сме заробени во перцепција, која на нашата душа не и’ дозволува развој и раст.

На еден семинар ја слушнав древната приказна од Индија која вели, тогаш кога некој го проценуваме, со тоа земаме дел од неговата лоша карма и ја ставаме на себе. Можеби, на прв поглед, ова ви звучи многу банално, но да се обидеме проценувањето да го истражиме преку една друга призма.

Од каде всушност произлегува нашата потреба за проценување на другите? Гледајќи ги метафизичките перспективи, таа примарно произлегува од нашето сопствено чувство на помала вредност, за која речиси не сме свесни. Проценувајќи ги другите, во своите очи се обидуваме да ја намалиме нивната вредност, за да ја ублажиме болката во себе, предизвикана со активација на чувството на помала вредност.

Размислете малку, веројатно не ги проценувате луѓето за кои чувствувате дека на некој начин се полоши од вас, туку тоа се јавува во однос на луѓето, кои ги доживувате подобри или поуспешни од себе. Ја имате во однос на оние, кои имаат или добиле нешто што вие посакувате, а немате.

Нашата толеранција за смалување на вредностите на другите, за да се заштитиме себе си од болка која ни се создава, во основа е природна одбранбена реакција и тоа не е срамота. На тој начин мозокот се обидува да го усогласи преголемиот емоционален дисбаланс кој во нас се создава како последица на несклад помеѓу нашите желби и вистинската ситуација.

Меѓутоа, едно е да почувствувате желба за проценување, а нешто сосем друго да си дозволите себе си таквиот порив да доминира во вашиот поглед на свет. Во ред е да имате одбранбени реакции, но имајте секогаш на ум дека на Земјата не сме дојдени да ги штитиме своите слабости, барајќи легитимно оправдување за нивното постоење, туку сме дојдени за да растеме и да се развиваме и да го зголемиме својот потенцијал и внатрешната сила која ја имаме на располагање.

И затоа следниот пат кога ќе почувствувате потреба да проценувате некој, не заборавајте на приказната за превземањето на лошата карма на себе и запрашајте се две прашања: сакате да останете заложници во сегашниот начин на размислување или токму ситуацијата која ви предизвикува потреба за проценување, ќе ја искористите како повик за промена на сегашниот начин на размислување и гледање на светот.

Изборот е ваш.

Томислав Томиќ

извор: naturala.hr

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: