Тајната на невидливите енергетски врски меѓу луѓето

Врските треба да бидат здрави и неоптеретени. Здрава конекција е онаа, во која две личности се ослободени од себичните потреби да делуваат еден кон друг, со давање и примање на безусловна љубов, а не со црпење или наметнување на енергијата на Егото.

Кога на пример, не сакате да му простите на некој кој во минатото ви нанел болка, вие и понатаму ја одржувате астралната врска со таа личност. Комуникацијата со луѓето може да биде оптеретувачка. Многу се различни размислувањата и енергетските делувања.

Кога зборуваме за комуникација која се одвива под влијание на Егото (а тоа е моментално најчест случај) тогаш се во прашање астрални врски. Генерално, сите луѓе астрално ‘се хранат’ така што несвесно црпат енергија од други луѓе. Секој вид на размислување, емотивно и вербално изразување, носи во позадина енергетско делување.

Ако имате потреба да зборувате, вие енергетски делувате на слушателот, а ако има потреба другата личност да ве слуша, вие тогаш црпите одредена енергија од таа личност, кога таа обрнува внимание на вас.

Од друга страна, вашата енергија циркулира и кога само размислувате за одредени луѓе. Мрчењето во себе, размислувањето за другите, анализирањето на нивните постапки, исто така црпи голем дел од вашата енергија, а исто така го зацврстува вашето Его, кое има потреба да се оправдува.

Астралните врски кои постојат меѓу луѓето, се создаваат кога две личности имаат компатибилни обрасци на размислување кои овозможуваат двајцата да се ‘хранат’ со оној другиот. Да речеме дека имате двајца пријатели, еден од нив има потреба некој постојано да го теши и да ги оправдува неговите постапки, додека другиот има потреба постојано да дели совети и да ужива во чувството, дека тој може да му помогне на било кој. Еден од друг ќе зависат, иако за тоа нема да бидат свесни. Тоа е однос кој се заснива на Его, па ваквата конекција е нездрава.

Звучи малку сурово, но тоа е само дел од нормалниот космички процес во кој учиме како да бидеме поврзани, а да не си штетиме едни на други. Сега учиме за тоа и како таквите енергетски врски да ги исчистиме.

Врските кои постојат всушност треба да бидат здрави и неоптеретени. Здравата конекција е онаа во која двата пријатели се ослободени од потребата која ја имаат и делуваат еден на друг со давање и примање на безусловна љубов, а не со црпење и наметнување на енергијата на Егото.

Ако се препознавате во оваа приказна, тоа не треба да ве загрижува. Треба да бидете свесни на кој начин вашите врски исчезнале, што е тоа што вие добивате од тие врски, а што другите добиваат во комуникацијата со вас и пополека да го набљудувате процесот и трпеливо да го решавате.

Луѓето се наши огледала. Во оваа реалност, ние одбравме да се запознаеме себе си низ проекцијата на нашите аспекти на околината. Луѓето кои ве опкружуваат и кои ви се блиски, претставуваат одраз на вас самите. Односите со луѓето исто така не’ учат на животни лекции. Некои односи се завршуваат на убав начин, луѓето ќе се разделат во животот, додека други односи завршуваат со кавга. Односот се завршува кога двете личности ќе научат, се’ што требало или можело да научат едни од други, па во тој случај престанува ‘црпењето’ од една или од двете страни.

Зошто се случува еден љубовен пар, во кој еден партнер е ‘поуспешен’ од другиот, да научи се’ што му треба и ќе одлучи да го ‘отпушти’ другиот, на кој му треба уште многу време да ги научи своите лекции со таа личност. ‘Напуштената’ личност ќе продолжи да учи каде што застана, но со некоја друга личност.

Во тој случај, најчесто на напуштената личност и’ треба време да ја прифати новата ситуација, па во тој процес и понатаму има енергетска врска со претходниот партнер. Овие енергетски врски полека ја губат силата како што времето поминува.

Тука лежи еден од одговорите, зошто треба да им се прости на другите. Кога не сакате да му простите на некој кој во минатото ви нанел болка, вие и понатаму ја одржувате астралната врска со таа личност. Уште полошо, не сте научиле да пуштите што требало, па вашата енергија ќе привлече некој друг со слични особини за да повторно се воспостави астрална врска, за да ви се даде повторно шанса да научите.

Тоа што во себе ‘терате инает’, само додатно го зајакнувате проблемот кој всушност не ви е решен. Според тоа, кога простувате, вие учите, вие ги чистите вашите ‘пипки’ со кои се закачувате на другите луѓе. Ова е процес кој постои илјадници години на нашата планета и тесно е поврзан со функционирање на Кармата. Да се решава Кармата, всушност значи да се чисти својот астрал, да се реши своето Его.

Aniko Budaik

majkazemlja.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: