Храбрите простуваат, глупавите се одмаздуваат!

Прва точка на дневниот ред :

ПРОСТЕТЕ!

Ве повредил некој? Простете! Што има добро во тоа да се одмаздите, како тогаш ќе се разликувате од тие што ви нанеле зло? 

И што и да се одмаздите? 

Магично ли ќе испарат од вашата меморија сите лоши спомени, ќе се залечат ли раните, подобро ли ќе се чувствувате? Не, во никој случај!

Затоа простете! Зошто ли? Тоа е човечно пред сѐ! 

Ако некој заборавил како е да се биде човек, немојте и вие! Нема да заборавите, нема да биде ништо како порано и не треба, доволно е себеси и на другите да им простите и секако да свртите нов лист!

 Не се обвинуваjте себеси што сте потрошиле време на погрешни луѓе, тие нека ви служат како лош пример, барем ќе се сеќавате каде сте биле, а каде сте сега и каде допрва одите! 

Ал Пачино еднаш рече : ‘Кога некој ќе нѐ повреди важно е да запомниме, дека тоа не се случило затоа што ние сме виновни или сме направиле нешто погрешно. Кога паѓа дожд, не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорците и чекаме лошото време да помине’.   

Лошите времиња/луѓе ги има па ги нема, траат, но и завршуваат! Важно е летото во нас! Важни се оние луѓе кои живеат за љубов! Важни се оние кои се големи во душата и простуваат! 

Немаме супермоќ, ПРОСТЕТЕ! 

 Калимеро 

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading