10 митови за сродните души кои ни ги отежнуваат односите

Дали верувате во сродни души, односно, дека таму некаде се наоѓа некој кој е создаден за вас? Прочитајте што за сродните души зборува Alethia Luna, духовен водач и кои се најчестите митови кои ни ја отежнуваат потрагата по сродна душа.

Додека бевме деца, слушавме бајки за принцови и принцези кои се вљубуваат и потоа живеат среќно до крајот на животот. Не’ учеа дека постои само една вистинска љубов и дека таа личност( која е задолжително од спротивниот пол) ќе не’ направи потполни. Со текот на растењето, многу од нас посакуваат да го остварат тој романтичен идеал.

Дел од нас, со години го бара ‘совршениот’ партнер кој ќе ги оствари сите очекувања и ќе ги исполни сите наши критериуми. Дури некои од нас, во главата имаат слика како сродната душа треба да изгледа, звучи и како се однесува. Многумина мислат дека знаат што точно сакаат од личноста, но, всушност не знаат.

Понекогаш, кога ќе налета некој кој не се вклопува во нашиот опис, ние се затвораме и ја пропуштаме приликата. За сите нас кои сме поминале низ тешко емоционално и психичко ранување во животот, сродните души делуваат како света, ветена земја. Кога се чувствуваме непотполно, осамено и одвоено од самите себе, идеалната сродна душа станува светло на надеж која ќе не’ спаси.

Набргу почнуваме вистински да веруваме дека нашиот сакан ќе не’ исполни и со тоа нашиот живот ќе добие смисла. Длабоко во себе, многу од нас веруваат дека таму некаде постои барем една личност која ќе ги исполни нашите желби и потреби. Дури, таквото искривено мислење е еден од главните причини за големиот број на разводи и дисфункционални врски кои ги има се’ почесто во нашите средини.

Верувањето дека нешто надвор од нас самите, ќе не’ направи потполни не е само заблуда, туку и опасност за нашата благосостојба. Еве ги 10 најчести митови за сродните души.

1. Можете да ја ‘пронајдете’ сродната душа. Прво, многу е важно да престанете да имате илузија на контрола. Вистина е дека вие немате никакво влијание на времето, местото и начинот на кој вашата сродна душа ќе се појави. Се’ што можете да направите е да бидете отворени и подготвени за запознавање на сродната душа. Човечкото его често верува, дека може да го контролира животот. Но, животот е невозможно да се контролира. Животот е подеднакво мудар, див и мистериозен, колку што е фрустрирачки. Нашите сродни души често се појавуваат од ‘ведро небо’, кога најмалку ги очекуваме. Исто така, многу е вообичаено интуитивно да знаете, почувствувате или да ја сонувате сродната душа, пред таа да се појави во вашиот живот.

2. Она што очекувате од својата сродна душа, тоа и ќе добиете. Често влегуваме во врска со однапред одредени желби и потреби. Тоа е трик на егото. Вашата сродна душа често не е некој кој свесно го посакувате, туку некој кој потсвесно го привлекувате и ви треба за внатрешен раст.

3. Сродната душа ќе остане со вас без оглед на се’. Ова е уште еден многу штетен мит, кој создава многу непотребно страдање. Човечката врста пронаоѓа утеха во помислата на ‘секогаш и засекогаш’ ( затоа и бракот ни е толку привлечен). Но, тоа не е секогаш правило. Понекогаш нашата сродна душа останува со нас едно годишно време, а понекогаш цел живот.

4. Имаме само една сродна душа. Ова е работа на лично мислење. Јас верувам дека е можно да имате повеќе од една сродна душа во животот. Разговарајќи со многу луѓе околу нивното мислење и љубовните искуства, открив дека многу од нив имале неколку искуства со сродните души. Секое било поинакво, драгоцено и им го променил животот на различни начини. И покрај тоа, верувам дека имаме само една близначка сродна душа.

5. Сродните души се секогаш љубовни. Токму спротивното, врската меѓу сродните души, можат да бидат потполно платонски без сексуални и љубовни тенденции и чувства. Со други зборови, вашата сродна душа може да биде вашиот најдобар пријател.

6. Сродните души се луѓе. Многу луѓе со своите домашни миленичиња почувствувале силни чувства и поврзаност која го надминува човечкиот јазик.

7. Сродните души се од спротивен пол. Верата и традицијата не’ убедија дека сродните души по природа се хетеросексуални. Во стварноста љубовта е слободна: таа не е ограничена со уверувања за правилно или погрешно. Вашата сродна душа може да биде од истиот пол како и вие.

8. Сродните души се слободни( не се во врска). Љубовта е комплексна. Вистина е дека не можеме да бираме кого ќе го сакаме- љубовта тече слободно и диво. Кој може да тврди дека ги разбира мистериите на срцето? Токму заради тоа многу луѓе се растргани со фактот дека личноста која ја сакаат е во врска или брак со некој друг. Ова не е исто со возбуда и страст: сродните души вибрираат на многу подлабоко ниво која е посилна од хемијата, сексуалноста или заедничките интереси. Затоа сродната душа која ќе се најде во ваква ситуација, мора да одбере дали сака да продолжи понатаму или да растури нечии брак. Иако се двете опции болни, двете се важи катализатори за раст.

9. Врските со сродните души не бараат труд. Уверувањето дека љубовта помеѓу сродните души е едноставна и лишена од тежина и поради тоа уверување, таквата врска е многу посакувана и идеализирана. Но, врската помеѓу сродните души бара време, трпение и предност токму како и секоја друга врска. Без свесно одржување, дури и ваква врска ќе се распадне.

10. Сродните души не’ прават потполни. Овае можеби и најдеструктивниот мит, помисла дека сродната душа не’ прави потполна не е само заблуда, туку го намалува и самопочитувањето. Не’ учеа да веруваме дека сродните души се ‘половината која ни недостасува’, а тие се всушност помошници и карализатори на нашиот духовен раст. Уверувањата дека сродната душа не’ прави потполни е многу популарно, бидејќи не’ охрабрува да ја заобиколиме сопствената одговорност, за сопствената среќа и потполност.

Многу е полесно тој терет и притисок да се префрли на некој друг. Многу луѓе влегуваат во врска, верувајќи дека сродната душа ќе им даде се’ она што им треба. За жал, таа доведува до проблеми, како преголема зависност за партнерот, токсично опкружување и сопственото предавство. Наместо однадвор да трагате по совршенство, зошто не погледнете во внатрешното богаство и не ја истражите својата душа?

Се’- сета љубов, прифаќање и радост која ви е потребна- чека во вас за да ја откриете.

Извор: lonerwolf.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: