7 духовни загадувачи: Што ме прави несреќен?

Не е изненадувачки фактот дека повеќето луѓе се несреќни од иста причина- нездрави очекувања кои создаваат негативна стварност. Овие 7 очекувања, најчесто го уништуваат животот и не ‘лишуваат од среќа, заедно со ‘добронамерни’ совети кои често доѓаат со нив.

1. Приликите ќе се појават сами од себе. Иако треба да се вклучи интуицијата и следењето на знаците, тоа не значи дека треба да се откажете од активната потрага за прилики. Очекувањата дека приликите едноставно ќе паднат во скутот, сериозно ќе ве ограничат на туѓата милост. Наместо тоа прифатете дека одредена доза на напорната работа е клучна за речиси секој облик на успех, а потоа земете она што ви припаѓа.

Еве неколку совети за наоѓање на прилики: Бидете љубопитни. Од време на време пробајте нови работи. Создавајте познанства со луѓе надвор од вашето поле на интерес.

2. Треба да ме сакаат. Сурова е вистината дека нема на секој да му се допаднете, без оглед на тоа колку вие тоа го посакувате. Добрата вест е дека во повеќето случаи за тоа е одговорно туѓото минато, нивната несигурност и нивните неуспеси, кои ги спречуваат да го видат она најдоброто во вас.

Кога ќе престанете да очекувате дека на сите ќе им се допаднете, ќе почнете повеќе труд да вложувате во создавање на темели за цврсти врски, постепено заслужувајќи доверба и почитување- а со тоа ќе избегнете и многу страдање.

3. Животот ќе биде фер. Сите сме слушнале дека животот не е фер, но без оглед на таа теорија, понекогаш е многу тешко да се прифати тој факт. На потсвесно ниво, многу луѓе и понатаму очекуваат дека се’ ќе дојде на свое место, додека само седат и се надеваат дека тоа ќе се случи. Ако очекувате дека ситуациите ќе се решат сами од себе, време е да завземете поактивен став, кој ќе ви помогне, по неуспехот, да застанете на нозе. Прашајте се што можете да превземете и престанете да се фокусирате на чувството дека сте измамени.

4. Луѓето можат да ми ги читаат мислите. Ова очекување посебно е проблематично во врските, но може да предизвика проблеми во сите подрачја во животот. Во суштина, ако претпоставите дека луѓето секогаш ќе знаат што сакате да кажете, нема ни да се потрудите јасно да се искажете, поради што се’ почесто ќе бидете погрешно разбрани. За да ги подобрите комуникациските вештини, обидете се, интелектуално и емоционално, да се ставите во туѓа кожа. Како ќе се чувствува таа личност поради она што сте кажале? Која информација недостасува за да ве разберат потполно.

5. Другите треба да се согласуваат со мене. Ова е незгодно очекување- на крајот, вие заслужувате другите да ве сфатат сериозно и да слушаат што имате да кажете. Сепак, обидете се да земете во предвид, дека она што го сметате за факт, потполно поинаку му изгледа на некој друг, има поинакви вредности и планови.

Често е најпаметно да се прифати можноста дека постои повеќе од еден точен одговор на контаверзно прашање и да се префрли вниманието на поважно прашање: каков компромис може да се постигне, за двете страни да бидат задоволни?

6. Материјалните вредности можат да ве направат среќни. Секако дека постојат работи кои ни го олеснуваат животот, го прават забавен и попријатен. Но, не дозволувајте тоа да ве излаже , да верувате дека натрупувањето на предметите ќе ве направи среќни. Знаеме дека материјалното богатство не е она што ни дава задоволство и емоционално исполнет живот. А сепак голем број луѓе, одбива да се соочи со самиот себе повторувајќи: ‘Знам дека ќе се чувствувам подобро кога ќе купам нов автомобил, куќа, облека. Ако не ја пронајдете својата вистинска смисла, не живеете со внатрешните вредности и вистински не се познавате себе си, не постои таа количина материјални вредности, кои можат да ве направат среќни.

7. Нема да успеам. Ако очекувате дека нема да успеете, тогаш се’ што правите е всушност подметнување на неуспех на самиот себе! Многу подобро е да се прифати фактот дека ситуациите нема секогаш да ви бидат од корист и секогаш можеме да учиме и да се развиваме. Сепак, кога потполно ќе се посветите на спроведување на одредени настојувања, се служите со визуализации и афирмации за да го зацврстите своето уверување дека ќе успеете. Тоа ќе ја зголеми веројатноста да го добиете она што посакувате.

Извор:consciousreminder.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: