Некои жени никогаш нема да те изневерат. Родени да бидат Кралици, а не дворски луди за забава

И ништо нема да ти каже, само ќе те пушти да си одиш. Нема ниту да се обиде да те задржи, нема со прст да мрдне. Ќе те остави во верувањето дека си направил вистински потег, дека има и подобри и поубави и повредни.

Ќе те остави да веруваш, дека другите ќе те направат позадоволен. Ќе се убедиш сам себе дека ќе се смееш како некогаш, ќе уживаш во се’ и сешто, ќе патуваш низ светот и ќе ги видиш сите светски чуда. Ќе живееш од денес за утре, ќе луташ по улиците, ќе запознаеш разни луѓе. Ќе пронајдеш нова љубов, мислејќи дека е вистинската. Ќе имате дури и деца, луксузен живот исполнет со материјални работи.

Но, знаеш што никогаш нема да имаш? Душевен мир. Нема да имаш човек, кој пожртвувано ќе остане буден во ноќта, само за да слушне како дишеш. Ќе се преправаш дека се’ е во ред, а ќе се распаѓаш. Ќе те убие сопствената несоница. Ќе те докрајчи сопствената историја.

А потоа ќе остариш. Ќе ја ставиш главата уморна на перницата, ќе плачеш и ќе се сетиш на неа. Ќе сфатиш дека си го направил најлошиот потез во животот.

А таа? Таа ќе биде она што отсекогаш и била. Човек. А не ѓубре, како тебе. Некои жени никогаш нема да те изневерат. Ниту со поубав, ниту со побогат, ниту со било каков. Бидејќи така се воспитани, да бидат Кралици, а не дворски луди за забава.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: