Не комплицирај- немаш време

Многу од нас се жалат дека животот е компликуван, но вистина е дека ние сме компликувани. Тоа значи, ако почнеме да работиме вистински работи, можеме животот да го направиме поедноставен.

Прво, мора да одлучите што ви е важно. Потоа, треба да се фокусирате на отстранување на се’ друго што ви смета. Иако секој има поинаква идеја за тоа како да се живее по своја мерка, постојат работи кои одговараат на повеќе животни стилови.

Еве десет едноставни совети кои ќе почнат да ве носат во вистинска насока.

1. Запоставете ги туѓите желби. Секако, вашето семејство, пријатели и колеги можеби имаат свои идеи за тоа што е најдобро за вас, но вашиот живот може да биде многу поедноставен и посреќен ако престанете да се грижите за тоа што сите други мислат. Поврзете се со себе, прифатете она што посакувате, превземете ризик и следете го своето срце. Не ги слушајте оние кои се обидуваат да ве спречат во тоа или да ве ограничат- сонувајте големо, најмногу што можете.

2. Прифатете дека и понатаму растете. Наместо да се чувствувате лошо, поради тоа што работите на својот живот, прифатете една идеја. Ангажирањето во долгорочниот процес на раст, не значи дека не сте прекрасни- тоа само значи дека имате уште ‘подобро утре’ – кое ве чека во иднина.

За оние кои се чувствуваат заглавени во овој момент, губејќи надеж дека доаѓаат подобри денови наскоро- ве молам, не престанувајте да верувате! Не се откажувајте! Верувајте ми, можете да го промените својот живот во било кој момент. Сеуште можете да го проширите својот ум, да го отворите своето срце и да ги искористите единствените дарови кои ви се дадени.

3. Не живејте во својата глава. Секој момент кој ќе го почувствувате е непроценлив, а ако не пронајдете начин да се уклучите во сегашноста, тогаш ќе го пропуштите. Ако уште го анализирате минатото или се грижите за иднината, вклучете повеќе задачи кои ја зголемуваат свесноста во својот ден. Медитирајте, слушајте, бидете дел од животот кој се случува.

4. Отпуштете она што не ви е судено. Како што веројатно знаете во своето срце, не можете да манифестирате иднина каква што посакувате, ако премногу сте заробени во минатото кое треба да се отпушти. Ако сте врзани за некоја личност, идеја, работа или искуство кое одамна исчезна од вашиот живот, помирете се со фактот дека тоа едноставно не ви е судено и на тој начин многу ќе го поедноставите својот живот. Една работа која може да помогне е создавање попис од лекции кои сте ги извлекле од таа загуба, така да знаете дека болното и тешко искуство не се случило залудно.

5. Не се жалете. Наместо да го трошите своето време на размислување за работи кои можат да се контролираат, најдете она што можете, а потоа делувајте за да дојдете до посакуваната промена. Кога ќе се фокусирате на негативност, само уште повеќе тоа го привлекувате и на крајот ќе ви се случи најцрното сценарио кое сте го смислиле.

Барајте начини на кои можете да ги совладате препреките и начините со кои можете да го остварите она што посакувате- Свемирот ќе ви одговори со добри работи во вашиот смер.

6. Бидете со вистинските луѓе. Пронајдете луѓе кои ве прават да се чувствувате живи и почитувани и дружете се со нив. Тие ќе ви помогнат во вашиот раст, ќе ви помогнат да дојдете до своите соништа и ќе се потрудат да ве направат среќни. Оние кои ја поткопуваат вашата енергија или шират токсичност, не се вредни за вашето време.

7. Прифатете и помалку од совршенство. Дури и кога ќе добиете се’ она што посакувате- и понатаму ќе има тешки времиња и нови предизвици- некои доаѓаат одвнатре, а некои однадвор. Всушност, сите сме несовршени и сите учиме. Меѓутоа, ако одлучите да бидете благодарни и среќни за секоја прилика која ќе ја добиете, можете да се помирите со идејата како е во ред, работите да не се совршени. Ова чувство на прифаќање во срцето е она што го нарекуваме поедноставен живот.

Извор: aura.ba

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: