Не чекајте подобри денови- создавајте ги

Ако сакате да го земете животот во свои раце и да го креирате по свое, дајте си себе си подршка, да се охрабрите за чекори кои се важни, за да имате многу повеќе од животот, каков што го заслужувате.

На 29.2 во Бизнис Академија Смилевски, ќе се одржи предавање на Билјана Галовска, првиот НЛП тренер и професионален коуч во Битола, предавач на Бизнис Академијата Смилевски во областа на организациското однесување и комуникации, со интересна тема ‘Креирање на успех’.

Денес повторно се дружиме со Билјана.undefined

Луѓето цел живот чекаат подобри денови, да дојде вистинскиот момент, да дојде вистинската прилика. Имаат свој ‘голем’ сон, но тешко им оди реализацијата. Дали креирањето на целите, се клучни за нашата животна промена?

Личниот развој не подразбира читање на неколку книги и посета на неколку предавања. Тој е долгорочна работа на себе и од некаде треба да започне. Ако сме добиле алат, кој ни е понуден на користење од исклучително успешните луѓе во насока на користење на сопствените капацитети добро е да размислиме каде сме, а каде сакаме да бидеме и да го направиме првиот чекор од точка А до точка Б.

А, првиот чекор е да се едуцираме што повеќе. Така ќе го олесниме патот до сопствениот успех, ќе добиеме нов полет и ќе се ослободиме од многу препреки.

Моето предавање е всушност подршка, за насочување на својата енергија, со правилно поставување на цели, мудро, кон својата среќа и успех и тоа чекор по чекор, со проверена практична и ефективна методологија.

За сите подетални инормации за предавањето, можете да ме контактирате на biljanagalovska@yahoo.com

Како да се стекне поголема самодоверба?undefined

Најбрзиот и најлесен начин за тоа е ослободување од мислењата на другите луѓе за Вас. Многу често во текот на нашиот развој ни повторувале реченици од типот ,,внимавај што ќе речат луѓето,, . Тоа создава еден вид блокада, односно уверување и упатува на тоа да се преправаме во нешто што природно не сме, само да ги задоволиме очекувањата на другите луѓе. А, тоа јавува непријатност во нас и чувство на несигурност.

Зошто ? Па, тоа не сме ние, ние ,,играме улога на некој,, кој едно зборува, друго прави, трето чувствува. Кога ќе освестиме дека очекувањата на другите луѓе немаат директна врска со она што сме ние, ќе си дадеме за право да бидеме повеќе свои отколку ,,туѓи,,.

Еве пример: Во една ситуација кажувам дека сум нерасположена …..Мојот соговорник ми вели ,, не можеш ти да си таква,,! Прашувам ,,Зошто,,? Одговара : ,,Затоа што ти си НЛП тренер, а тој треба да биде релаксиран, насмеан, секогаш да има решение за сите проблеми, да ги знае сите одговори,,. Јас помислувам ,,тоа е само твојата слика каква јас треба да бидам,,.

Ако настојуваме да ги исполнуваме очекувањата на околината ние секогаш ќе имаме недостаток на самодоверба. Најдобро е да се научиме да ги ословуваме работите во нашиот живот со вистинските имиња што значи, ако се распаѓам ќе кажам дека се распаѓам. Потиснувајќи ги емоциите, само ќе се оддалечуваме од себе. Треба да си дадеме право, да сме она што сме, со сознанието дека секогаш ќе има некого на кого ќе му се допаднеме и некого, кого можеби ќе иритираме. И тоа е во ред!

6. Како се поставуваат цели во животот?

Така што ќе направиме разлика што е желба, задача и цел. Ако не сме подготвени да ја платиме цената за нешто кое сакаме да го оствариме, тоа не е наша цел, тоа е желба. Целта треба да е позитвно дефинирана и тоа во сегашно време, одговорно да пристапиме кон неа, конкретна, реална, да знаеме што добиваме, а што губиме со нејзино остварување и да е доволно предизвикувачка, за да издржиме на тој пат кон нејзино остварување.

Стартно е најважно добро да се дефинира, позитивно, во сегашно време, а за се’ друго треба да се едуцираме затоа што е комплексно, бара посветеност и страст да се научи како успешните луѓе пристапувале кон своите цели.

Но, за тоа има обука на 29-ти февруари во Бизнис Академија Смилевски каде и работам, за некој кој сака повеќе да научи за тоа.

7. Кои се навиките на успешните луѓе?undefined

Една од навиките е раното станување, медитациите, читањето, потребата од постојано учење, учење и учење како некој направил нешто. Тие се гладни за знаење….

8. Дали во Македонија може да се биде среќен?

Каде и да одиме, секаде со себе ќе се понесеме СЕБЕСИ. Така да, ако не научиме тука да сме среќни нема да бидеме ни таму каде што ќе одиме. Според мене сите тежиме кон емоции, а тие многу ретко имаат врска со финансиите и материјалните работи.

9. Три книги кои ви го променија животот?

1) Разговори со Бога од Нил Доналд Волш (3 книги)

2) Моќта на сегашниот миг, Екарт Тол

3) Вртлог (Абрахамови учења), Естер и Џери Хикс

10. Кои се најчестите проблеми на патот на личниот развој?

Стереотипите кои се претвориле во длабоки уверувања од кои носиме одлуки, манифестираме одредено однесување и не си даваме за право да сонуваме. Најчесто најголемите опстукции ги имаме сами од себе, на несвесно ниво, па затоа е потребно преку предавања, тренинзи, едукации, обуки од областа на личниот развој и работа преку индивидуални коучинг сесии, да се стремиме да ги освестиме нашите ментални обрасци. На тој начин се свртуваме кон себе и кон она што го сакаме

Оптимизам зона

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: