Што да се прави кога животот се распаѓа?

Изненадна болест, проблеми на работа, голема тага, невозможни ситуации. Кога станува збор за живот, никој не е имун на многу негови удари. Сите сме доживеале некои грозни ситуации, a некои многу повеќе од другите.

Но, што треба да се направи кога ви се чини дека се’ во вашиот живот е лошо?

Без оглед на тоа колку сме јаки, од време на време сите ние се соочуваме со тешки ситуации, поради кои се чувствуваме изгубено. Можеби сте во слична ситуација и сега. Се чувствувате ранливо и не можете да го најдете својот пат од мрачното сценарио.

За почеток- не сте сами. Сите го губиме својот пат од време на време. Кога се чини дека се’ се распаѓа, размислете за овие едноставни стратегии кои можат да ве спасат и да ве донесат во нормала.

1. ‘Понекогаш добрите работи се распаѓаат за да се создадат подобри’. Запомнете ги овие прекрасни мудри зборови на Мерлин Монро. Кога ќе доживеете нешто лошо, дали сте се запрашале, што добро може да излезе од тоа? Иако тогаш можеби не се чувствувате така, Свемирот понекогаш ни зема нешто, за да направи поубаво.

Во секоја несреќа, сами ќе увидите дека постои причина да се чувствувате посреќно од порано. Тоа може да се појави во облик на вредна животна лекција, нов однос, можност за успех.

‘Се’ се случува со причина’. Тоа можеби е најголемо клише, но вредно е за помнење.

2. Болката е неизбежна, страдањето е опција. Болката е дел од човекот, меѓутоа, нашата среќа го одредува начинот, на кој ќе одлучиме да размислуваме и делуваме за време на болното искуство и после него.

Многу луѓе прават грешка- ја кријат својата болка, бидејќи се плашат да ја почувствуваат болката. Иако е тоа сосем природно, само го продолжува тоа искуство и на крајот резултира со страдање. Обидете се да ги сфатите своите чувства- процесуирајте ги. Потоа, кога за тоа ќе дојде време, мора да направите избор- страдам, ќе го прифатам тоа и ќе се обидам да тргнам напред со својот живот или ќе останам на тоа и ќе си дозволам себе си да страдам? Тоа не е секогаш лесно, но знаете што треба да направите.

3. Вчера е историја, утре е мистерија, а денес.. Секогаш повторуваме- нема поголем подарок од овде и сега. Се чувствувате изгубено? Обрнете внимание на себе сега, во сегашниот монент. Дишете ли? Ви чука срцето? Ако одговорот е да- тогаш супер ви оди.

Кога животот ќе ви сервира нешто лошо, вашиот единствен проблем треба да биде овде и сега. Поделете ги работите на делови со кои постепено ќе се занимавате, од момент во момент, малку по малку.

Кога се чувствуваме изгубено, тешко и кога не можеме да го најдеме својот пат, коренот на проблемот обично е вината од минатото и стравот од иднината. Кога се чувствувате како се’ да е надвор од вашата контрола, секогаш знајте дека постои една работа во која можете да верувате- сегашниот момент.

4. Ако нешто не ви се допаѓа, променете го тоа. Ако не можете да го промените, тогаш сменете го својот став. Можеби овој став е оштар, но размислете малку за тоа. Ако сте креатор на својот живот, тогаш морате да превземете одговорност за своите чувства. Во светот во кој многу работи се на изглед надвор од наша контрола, важно е да се има на ум, дека постои една работа која секогаш можеме да ја контролираме – нашите зборови.

Зборовите кои ги создаваат нашите мисли, зборовите кои ја зборуваат нашата приказна. Ако поради нешто сте несреќни- променете го тоа со своите зборови. Раскажете си себе си среќна, лесна, ослободувачка приказна за тоа како стојат работите. Дури и најмало поместување во ставот, може да резултира со најголемо откритие.

Значи- кога се’ се чини лошо, секогаш имајте ги на ум овие четири едноставни стратегии за позитивно делување. Ако сега сте во добро расположение, чувајте ги и следниот пат кога ќе се чувствувате изгубено- можете да бидете сигурни дека многу бргу ќе се вратите на вистинскиот пат!

Извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: