Во Љубовта само храбрите губат, бидејќи само храбрите и даваат

Знаеш ли? Кога човекот ќе го допре љубовта, тој ќе се тргне и ќе полета, со крила големи и силни и воодушевен од својата љубов, останува да лета подолго отколку што може да лета.

Знаеш ли? Љубовта ги лечи местата од кои тече болката. Ги зашива одамна скинатите крила и мавта со нив? И летот, без оглед колку е болен или несигурен, не’ тера и понатаму да мавтаме, со крилата полни со крв, да стремиме кон небото, бидејќи низ сите пори на телото и душата, тој лет води кон возвишување.

Знаеш ли? Љубовта не ја лечи болната рана со затворање, туку љубовта, таа рана уште повеќе ја отвора. Бидејќи, нема спротивност во она што е едно. А љубовта е едно. Во нас и во се’ надвор од нас. Во нашите рани и во нашите крила. И кога во љубовта сите сме исто болни, иако зборуваме дека сме свои и различни. И за лет на сите ни е потребно исто. Парче небо, неколку испреплетени раце и Свемир од Љубов.

Знаеш ли? Дека љубовта се раѓа со затворени, а не отворени очи? И затоа на љубовта не и’ треба еден пар гладни очи, туку парче срце и најдобро сакаат оние кои љубат тивко и во длабочина, а не гласно и на површина.

Знаеш ли? Дека на длабочина не’ учат површните луѓе? А на Љубов оние кои се откажуваат од истата? И дека ни е потребна на сите, во иста мера, дури и на оние кои зборуваат дека не им треба. Верувај ми, нив им треба најмногу. Тие се гладни, како пустина за вода. Ако не и погладни.

Знаеш ли? Дека не треба да се сонува Љубов, туку треба да се биде буден и да се прати нејзиното растење во нас, да се гледаат првите направени чекори? И не треба човекот да се оценува со полот и бојата со која сака, туку начинот на кој сака. И дека љубовта сака тишина и не кажани зборови, токму затоа што тогаш открива дали чукаат две срца во ист ритам?

Знаеш ли? Дека љубовта сака солзи? И ако постојат, тоа значи дека уште има време за љубов. Бидејќи кога очите ќе се наполнат со солзи значи дека се живи и дека во нив пливаат. Најлошо е кога солзите ќе пресушат.

Знаеш ли? Најдобрите и најубавите работи во животот ќе се случат на најосамените места? Далеку од столот полн со познати и непознати луѓе, далеку од исполнетата сала и силниот аплауз, далеку од фотоапарати и новчаник полн со пари?

Не се грижи ништо. Знам дека знаеш. Но, ако по некој случај не знаеш, затвори очи и прогледај. Кога Љубовта е во прашање, само храбрите губат, бидејќи само храбрите и даваат.

Ингрид Дивковиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: