Гонете се, вие загрижено добронамерни и вие лицемерни и злонамерни

Идат така години кога почнуваат радосен да те убиваат во поим, бидејќи време ти е да бидеш сериозен, способен за да те сопнуваат, бидејќи време е да ти се скршат крилата, витален да те разболат, бидејќи е време да пиеш една рака лекови, паметен да те полудат, бидејќи е време да бидеш сенилен и жив ќе те закопат, бидејќи ти е време да умреш.

Е па, гонете се!

Гони се околино, туѓи очекувања, биолошки часовници, гонете се газди, матичари, цркво, душегрижници, тесна и поширока родбино. Гонете се, вие загрижено добронамерни, исто колку и оние лицемерни и злонамерни.

Јас времето го мерам со бакнежи. Се навикнав на минимум дваесет дневно, инаку сметам дека денот не се случил. Јас времето го мерам со насмевки. Навикнат сум на секојдневно смеење до солзи по неколку пати, инаку не сметам дека изгреало сонце.

Времето го сметам по делење на љубов, по слушање на пријателски совети, по благодарам, молам и извини, по грешките и простувањето, по паѓањето и станувањето. По ‘Те сакам’.

А вие кои го мерите времето по часовникот, календарот и крштеницата и понатаму купувајте бесмртност во апотека, на факултет или од газдите.

Ние, кои се најдовме во зениците во нечии очи, во нечии допири на прстите, во листовите од книга, во насмевката од непознати и да сакаме нема да можеме да ве убедиме, да дојдете на нашиот ‘непознат’ пат, каде никогаш не е доцна, никогаш не е за џабе и каде секогаш е вистинско време. За сите.

Блогдан

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: