Немам трпение за никој кој не заслужува мое трпение

Мерил Стрип се разликува од сите холивудски ѕвезди, бидејќи е блиска со народот и покрај огромната слава која ја постигна, затоа и не чуди што многу голем број луѓе ја сакаат. Таа е како нас. Нејзините зборови многумина ги цитираат, она што ќе ве насмее, но и ќе ве натера да ги преиспитате животните ставови кои ги имате и начинот на кој живеете.

-‘Знам дека животот е краток и дека морам да бидам среќна жена, нема причина поинаку да мислам. Секој од нас мора да има свој пар и свои правила. Потпирајте се иаклучиво на сопственото мислење. На крајот, тоа е она што вам ви се чини добро, а не она што вашата мајка ќе го каже, ниту било кој друг.’

– ‘Бидејќи ќе има се’ помалку време пред вас, бидете точно она што сте, а не она што другите го очекуваат од вас’.

– ‘Мора да прифатите дека станувате постари. Животот е драгоцен и кога ќе изгубиш многу луѓе, сфаќаш дека секој ден е подарок. Имаш обврска да бидеш среќен секој ден’.

– ‘Немам повеќе трпение за некои работи, не поради тоа што станав арогантна, туку едноставно поради тоа што дојдов до една точка во животот, кога повеќе не сакам да губам време на она што ме растажува или ранува. Немам повеќе трпение за цинизам, прететана критичност или барања на било која врста. Изгубив волја да им угодувам на оние кои не ме почитуваат, немам љубов за оние кои не ме сакаат и не сакам да им се насмејам на оние кои не ми се насмевнуваат мене. Не трошам повеќе ниту секунда на оние кои ме лажат или се обидуваат да ме манипулираат. Не сакам повеќе да бидам во близина на оние кои се преправаат, кои се површни или нечесни. И на крајот, немам трпение за никој кој не заслужува мое трпение.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: