Она што нема да не' убие веднаш, не' убива полека

‘Она што нема да не’ убие- тоа ќе не’ направи посилни’- рекол Ниче, потоа полуде и умре.

Тоа се убави зборови, но не се вистина. Се’ што веднаш нема да не’ убие, не’ убива пополека, незабележително. Ја убива нашата добрина, доверба, нежност и искреност. Отвореност, великодушност, бистар поглед и меко срце…

Измама, предавство, нискост, неблагодарност, суровост, неправда- не можат веднаш да убијат. Туку капка по капка.. Трпеливи сме, издржуваме, раната ќе зарасти. Лузната останува- груба кожа.

И така, постепено, со таа кожа ќе се прекриеш, а не забележуваш- како тоа се случило? И можеш себе си да се тешиш- станав посилен! Да. Но, во душата уште една струна е прекината, уште едно кристално ѕвоно замолчено. Нешто или некој таму во душата умрел- добра вила или мал ангел. Кои биле дел од нас.

И веќе точно знаеш како да одговориш на удар. Како на сурови зборови. Како да возвратиш, ако е потребно. И точно знаеш дека можат да те удрат- туку така, без причина. Или наместо благодарност. И не си воопшто изненаден. Навикна на тоа.

Научи да трпиш или да се браниш. Но, нешто е неповратно изгубено се секој удар, предавство, разочарување. Засекогаш тоа си оди и умира. Да, ти стануваш појак. Но, за сметка на другите квалитети.

Се’ што нема да не’ убие едноставно не не’ убива веднаш. Но, дали ќе не’ направи посилни или неосетливи- кој знае? Ни треба помалку од она што не’ убива. И оние кои убиваат, ни требаат помалку. Бидејќи, сепак се тие убици. Убици на туѓи нежни души и добри пориви…

Извор: uspesnazena.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: