Кога си добар, секогаш ќе се најде некој кој ќе те гази

Вети си дека ќе ги разбудиш своите тишини кои ги молчиш во длабочината на својата душа. Нема да дозволиш да те одалечат од патот кон светлината, да ја сменат сликата за тебе.

Вети си дека во деновите кои следат ќе имаш многу повеќе трпение кон себе, дека нема да се ‘гризеш’, бидејќи не направи се’ онака како што замислуваше.

Вети си дека ќе веруваш во божјата милост и ќе се трудиш да бидеш благодарен за се’ она лошо што те промашило. Секој ден ќе практикуваш благодарност, бидејќи имаш многу повеќе отколку што имаат оние кои се борат за гол живот. Дека никој нема да земаш здраво за готово, а посебно не себе и своето здравје.

Вети си, дека нема да одиш по работ на животот. Не затоа што се плашиш, туку сфаќаш колку е апсурдно да се играш со она што ти е подарено од срце и знаеш дека треба максимално тоа да го искористиш, така што ќе се чуваш од лоши луѓе, темни лекции и собрани срца.

Вети си дека од сега па натаму, ќе гледаш на светот без розеви наочари, не дека не веруваш во оптимизам, туку дека треба да научиш во реалноста да пронајдеш она што е позитивно, она што ќе ти ја одржува надежта, да тлее и понатаму длабоко во тебе.

Луѓето се злобни, луѓето се многу често чудни и себични. Но, ти сепак потруди се да сфатиш, потруди се да станеш еден од таквите, покажи им дека може поинаку. Нивните лоши зборови и постапки не ги користи како изговор за својот бес, така што ќе се одмаздуваш.

Напротив, биди им благодаран за се’ што не направиле, а всушност тие направиле се’. Ти покажаа каде не ти е место, колку си јак и дека не може да те разочара тоа што на некој му ја даде комплетната доверба и остана со кратки ракави. Давај се безрезервно, колку и да ти се чини бесмислено во овој суров свет.

Верувај ми, твојот образ секогаш ќе блеска, бидејќи ќе знаеш дека се обиде се’ што е во твоја моќ, ќе знаеш дека си се дарувал себе и нема да се ‘јадеш’ кога нема да добиеш нешто за возврат.

Вети ми дека деновите ќе ти бидат исполнети повеќе со насмевка и надеж, отколку со суета и груби мисли. Дека сам себе ќе си бидеш најголема подршка и дека секогаш ќе гледаш напред, без оглед колку моменти си потрошил на страв дека не си доволно способен.

Вети си дека ќе прифатиш дека си таков каков што си, повеќе отколку доволно добар, дека таков каков си е одлично, бидејќи си автентичен и свој. Не им дозволувај на другите да те менуваат бидејќи не се вклопуваш во нивната визија. Не им дозволувај на другите да ти зборуваат како твоите соништа се премали или преголеми и дека не си доволно добар играч.

Исто така, не им биди ти на другите таа личност која ќе им ја срушат вербата, надежта и самодовербата, ако некогаш и дојдеш до посакуваното, сети се дека и самиот си имал крвави и не баш сјајни почетоци. Сети се дека сме еднакви, без оглед на која религија, пол, боја на кожа или сексуална определеност сме. Пред него, сите сме исто скроени. Сети се дека треба да останеш понизен и кога те фалат и кога те критикуваат. Твојата величина се препознава токму по тоа како се однесуваш кога си на дното, а како кога си на врвот.

извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: