Престани да се саботираш, стани веќе еднаш од тоа дно! Има сеуште љубов во тебе

Не ги оставајте работите не завршени и не си дозволувајте таков ‘луксуз’ да живеете и постапувате од отворените рани.. Излечете ги болките, излечете се себе си. Бирајте најдобро за себе.

Сфатете дека не можете никого да спасите. И ако ‘горите’ во таа желба, нема поради тоа повеќе да ве сакаат, дури можат да ви подготват предавство или да ве напуштат, бидејќи станувате сведок на нивните слабости.

Единствената личност која можете и треба да ја спасите сте вие самите. Да се спасите од стравовите, од несигурностите, од стравот да љубите и уверувањето дека таа не е возможна. Љубовта ни е дадена со самото создавање. И секогаш е тука. Само е прашање колку го слушаме сопственото срце и колку му дозволуваме да дише.

Разумот е корисен, но срцето е автентично, во него се среќаваме со самите себе.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: