Тишината не е празна, таа е полна со одговори

Така сме малечки во однос на вечноста. Толку краткотрајни. Нашиот живот е како едно трепнување на окото во однос на бесконечноста на времето.

А толку често залудно го трошиме. Толку ја ‘кршиме’ главата со грижи, ситници и забораваме да уживаме. Се мачиме со секојдневни неважни работи и забораваме дека сето тоа ионака ќе помине. Како и она пред тоа.

А каде сме ние во таа приказна? Каде сме? Колку бргу ни поминаа годините до сега? Исто и тие кои доаѓаат, ќе поминат бргу.

Па, да почнеме да се радуваме повеќе, а да се грижиме помалку. Да се гушкаме повеќе, а да се ‘гушиме’ помалку. Тоа што е поубаво да го има повеќе, се’ она што не’ растажува да го живееме помалку.

Бидејќи и овој ден ќе помине, а како ќе го поминеме? Обидете се да го замислите како потполно нов, без во него да внесувате ништо тешко од минатото. И она што ве мачи и ве загрижува. Замислете го како таков. Чист, безбрижен и набљудувајте го се’ она што е убаво и добро во него. Подарете си го тоа. Вие самите на себе.

Бидете оној кој ќе дава и оној кој ќе прима. Полн круг. Не барајте го тоа од никој, туку дозволете си себе си да правите она што сакате и да бидете со оние, кои ги сакате. И така секој ден се’ повеќе. Бидејќи ова трепнување на очите во вечноста, ионака бргу ќе помине. Затоа живејте радосно.

Ива Брадариќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: